12 - годишно момче во критична состојба по изведување на ТикТок предизвик: Се давел со врвки
Лекарите се борат за животот на дванаесетгодишно момче од Колорадо, кое се давело со врвки во обид да го изведе „Blackout Challenge“ од ТикТок.
Постојат сомневања дека Џошуа Хаилехесус од Денвер, на 22 март, додека бил дома со својот брат, се обидел да одговори на предизвикот со давење што го видел на популарната социјална мрежа, што предизвикува децата да го прекинат снабдувањето со воздух додека не ја изгубат свеста . Таткото на малото дете вели дека неговиот син врзал врвки околу вратот и со тоа се обидел да го изведе предизвикот. Детето е пренесено во болница во сериозна состојба и лекарите се борат за неговиот живот, но прогнозата е многу лоша. Имено, малиот Џошуа бил предолго без кислород и неговиот мозок претрпел страшно оштетување.
„Тој е борец и го гледам како се бори. Се молам за него постојано. Срцето ми се крши додека го гледам како лежи во кревет“ - вели таткото Зерјихун.
Џошуа бил пронајден во бесознание во бањата на куќата, а лекарите им рекле на неговите родители да се подготват за најлошото.
„Ми рекоа дека нема да преживее. Ги молев и ги молев да не се откажуваат од него. Затоа што, ако ги тргнам рацете од него тоа е исто како да сум го напуштил својот син“ - очаен е татко.
Тој вели дека неколку дена пред трагедијата, Џошуа му се пофалил на својот брат дека може да го задржи здивот скоро цела минута. Очаен, тој ги моли другите родители да обрнат поголемо внимание на она што нивните деца го прават на социјалните мрежи.
„Сега ја плаќам цената... Не би сакал ниту еден родител да помине низ ова“ - вели таткото на Џошуа.
фото: shutterstock