12-годишно девојче истури киселина врз 11-годишно дете на игралиште: Коментарот на мајката на напаѓачката е морничав
11-годишно девојче се здобило со тешки изгореници по телото откако 12-годишно девојче фрлило киселина врз неа на игралиштето во Детроит. Повредите се толку тешки што таа сега едвај оди.
Жртвата, 11-годишната Деара Самерс, за локалните медиуми изјавила дека на 9 јули била на игралиштето во основното училиште со нејзината сестра и браќата кога еден од нив се скарал со 12-годишното девојче. Деара рече дека не била вклучена во тепачката, но споменатото 12-годишно девојче фрлило кон неа смртоносна материја која и нанела изгореници од втор и трет степен на грбот, нозете и рацете.
Доминик Самерс, мајката на жртвата, за медиумите открила дека ја видела мајката на девојчето како и ја подава киселината, коментирајќи: „Тоа е затоа што ја допре мојата ќерка“, пишува „Њузвик“.
Деара ги опиша застрашувачките моменти откако ја полале со киселина. "Две секунди подоцна се чувствував како да горам. Ми помина низ кошулата, шорцевите. Врескав и плачев", рекла таа.
12-годишното девојче доби кривична пријава за напад со намера да предизвика тешка телесна повреда, а во тек е и судската постапка.