12 правила до кои се придржуваат уште од самиот почеток: Дали Хејли и Џастин Бибер имаат среќна врска поради строгите правила?

12 правила до кои се придржуваат уште од самиот почеток: Дали Хејли и Џастин Бибер имаат среќна врска поради строгите правила?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Очигледно дека на нив правилата не им пречат...

Иако на никој не му звучат добро правилата во врска, на некои сепак им помагаат за врсакта да им оди во подобра насока. Вистински пример за тоа се Хејли и Џастин Бибер кај кои правилата очигледно помагаат.

Многумина не ги сакаат, но едно е сигурно - се гледа дека се навистина среќни заедно и тука никој не им може ништо. Колку што можеме да заклучиме, имаат здрава врска и уште поздрав однос во кој постојано се грижат еден за друг. Можеби за тоа се заслужни правилата до кои се држат? Имаат некои правила од уште од самиот почеток, кои ги наведуваат „Your Tango“ и „The Things Celebrity“, а кои можеби се рецепт за здравиот однос кој го имаат.

# Немале сексуални односи пред бракот

Кога Хејли и Џастин се венчаа, сите беа шокирани со оглед на тоа што тоа го направи за многу кратко време откако објавија дека се во врска. Иако тоа на сите им беше чудно, на нив не, бидејќи Џастин недолго потоа потврди дека пред бракот немале и не сакале да имаат сексуални односи, но дека и тоа била една од причините што толку ја забрзаа венчавката.

# Не ги користат мобилните телефони додека се во кревет, освен ако тоа не е потребно

Оваа љубовна двојка има важна ноќта ритуна кон која се придржува, освен кога се во прашање интимните ситуации. Тоа е правилото дека не смеат да ги користат мобилните телефони пред спиење, додека лежат во кревет. Хејли во една прилика изјави дека се обидува да чита повеќе пред да спие, наместо да биде на мобилниот телефон, па така добро се придржуваат до ова правило.

# Забрането споменување на минатото

Во подкастот „Pretty Big Deal“, Хејли проговори за нивните кавги, кои ги има во секоја врска. Кажа дека едно од правилата им е во текот на кавгата никогаш не смеат да го споменат минатото, а тоа го обравда со тоа што на нив им е потребен раст, а не враќање во минатото и работите кои веќе поминале.

# Една вечер во месецот имаат „pizza night“

Едно навистина „кул“ правило, за кое мора да е признаеме е токму ова. Хејли порано често обајвуваше фотки на Инстаграм и Твитер, на кои таа и Џастин прават пица еднаш месечно, а во една прилика им одговорила и Кајли која напиша дека таа сака да се придружи на нивната идна „pizza night“.

# Секогаш мораат да одвојуваат доволно време за своите блиски пријатели

Иако се често заедно и сакаат да поминуваат време заедно, едно од правилата гласи деак секогаш мораат да одвојат доволно време за своите блиски пријатели. Тоа слободно време го вклучува и заедничкото дружење и забавите, и никогаш не смеат да ги запостават пријателите само поради тоа што тие сега се во брак.

# Нема дружење со Кортни Кардашијан

Во далечната 2016 година кружеа гласини дека Џастин и Кортни се во врска. Наводно биле видени како излегуваат заедно и се дружат, а Хејли ова правило го предложила набрзо откако Џастин ја запросил. По веридбата, престанаа и гласините за тоа дека Џастин и Кортни се заедно, како и дека воопшто биле заедно.

# Ограничено користење на социјалните мрежи

Хејли во минатото често била жртва на злоставување на социјалните мрежи. Токму заради тоа постои и ова правило, особено поради оние хејтери кои од самиот почеток не ја одобруваат нејзината врска со Џастин. Таа и самата во една прилика спомена дека тие коментари влијаат на нејзиното психичко здравје, па токму поради тоа го ограничуваат користењето на социјалните мрежи.

# Здравиот живот и на двајцата им е приоритет

Со оглед на тоа што и двајцата навистина имаат одлична форма, јасно е колку им е важна активноста, како и здравата исхрана. Водат здрав живот, освен исклучокот кога имаат „pizza night“, но тоа е само еднаш месечно. Во секој случај, ова правило е за пофалба, особено бидејќи и двајцата работат на себе и на своето здравје.

# Децата мора да имаат додека се млади

Џастин уште уште во 2021 година изјави дека една од желбите таа година му е да добие дете со Хејли. Тоа уште му се нема остварено, но и двајцата повеќе пати напоменаа дека сакаат да бидат млади родители и сакаат да имаат деца додека се млади, исто како што сакале да се венчаат млади. 

# Мораат да поминуваат квалитетно време со своите семејства

ОВа правило е исто како и за дружењето со блиските пријатели. Навистина многу се држат до семејствата и вредностите кои ги имаат, па така се држат и до дружењето со двете семејства - и на Хејли и на Џастин. 

# Некои лични работи сепак мораат да ги држат во тајност

Додека некои познати личности апсолутно секој детаљ од својот приватен живот го споделуваат на социјалните мрежи, Хејли и Џастин не се едни од нив. Тие се држат до својата приватност и ако се често активни на социјалните мрежи, имаат правило дека некои работи мораат да ги држат само за себе, далеку од медиумите и нивните обожаватели.

# Задолжително мора да ги поддржуваат своите брендови на Инстаграм

Сите веќе неколку пати сме сведочеле дека Хејли и Џастин се држат до ова правило. Меѓусебно максимално се поддржуваат на Инстаграм на начин што споделуваат фотки од меѓусебните успеси и брендови кои ги имаат - Џастин со својата музичка кариера, а Хејли со својата кариера како модел, а неодамна и брендот „Rhode“, кој го основа.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: