13 години по неговата смрт е присутен помеѓу нас: Кои песни на Тоше Проески се најслушани на Јутјуб?

13 години по неговата смрт е присутен помеѓу нас: Кои песни на Тоше Проески се најслушани на Јутјуб?

Објавена во: Stars // Музика

Во последните 13 години секој 16 октомври е идентичен. „Зар некој може да те замени?“, добро познатата реченица и денес е актуелна и најсподелувана на социјалните мрежи. Да, како што претпоставувате истата е наменета кон нашиот непрежален ангел Тоше Проески. 

На денешен ден пред 13 години во сообраќајна несреќа го загуби својот живот и зад себе ги остави својата музика и хумани дела, кои сите овие години, но и наредните ќе зборуваат за него. Некој ќе каже дека ваквите луѓе како него имаат само датум на раѓање, но сите денови кои се поврзани со него се вредни за спомнување.

Затоа, на денот кога неговото срце престана да чука, ве потсетуваме на неговите најпопуларни песни на Јутјуб, односно на песните кои имаат најмногу прегледи. Пред да ја погледнете листата, ве известуваме дека во оваа листа се вклучени и македонските народни песни кои тој во одреден момент ги отпеа, а кои имаат навистина голем број прегледи.

# Тоше Проески - „Волим осмех твој“ (5.718.728 прегледи)


# Тоше Проески - „Вежи ме за себе“ (6.549.790 прегледи)


# Тоше Проески и Биља Крстиќ - „Јовано, Јованке“ (6.852.958 прегледи)


# Тоше Проески - „Ледена“ (7.741.320 прегледи)


# Тоше Проески - „Све је ово премало за крај“ (8.613.588 прегледи)



Следна страна

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: