13-годишен гениј: Влатко креираше веб-страница која автоматски генерира основни математички задачи
Влатко Стојкоски од Скопје на само 13 години креираше веб - страница која автоматски генерира основни математички задачи, кои им овозможуваат на децата да учат математика, а со тоа родителите се ослободуваат од задавањето на задачите.
Овој проект тој го направи во однос на состојабата Ковид - 19 и истиот ги мотивира децата да решаваат повеже задачи.
„Мене многу ми се допаѓа правењето веб-страници. Јас го сакам тоа што го правам и го обожувам креативниот процес. Девелопмент отсекогаш бил мојот фаворит, но во последно време јас многу го засакав и дизајнот на страници“ - вели Влатко за себе.
ОВДЕ е линкот за да стигнете до веб - страницата на овој 13 - годишен гениј.