14 милиони евра за новогодишната елка

14 милиони евра за новогодишната елка

Објавена во: Мода // Moj стил

Кога станува збор за китењето елки, традицијата секаде е различна, но едно е исто! Елките изложени на јавните места најчесто се скапи, посебно оние во големите светски метрополи

Луксузниот хотел „Кемпински“ во Марбеља, Шпанија лани беше местото на најскапата божиќна елка во светот. Дури  13, 95 милиони евра!!!  Вредноста е постигната поради исклучително вредните украси.

Деби Вингам, британска дизајнерка и стручњак за дијаманти, која светот ја запозна по изработката на најскапите чевли на светот (дури 15 милиони долари) ја облагороди елката со прескапи украси со дијаманти, целосно рачно изработени. На елката се наоѓаат и некои од најскапите уметнички дела од цел свет.

Исклучително вредни црвени, розови, бели и црни дијаманти се забележуваат на елклата, четири каратен сафир и рециклиран накит на најпознатите брендови, но и класична декорација и традиционални слатки без кои празниците не можат да поминат.



За оваа 2020 година таа во една прилика кажа дека нема да има таква гламурозна елка. Сето тоа поради коронавирусот...

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: