15 модни парчиња кои во 2020 треба да ги додадеш во твојот плакар
Влегуваме во сосема нова деценија, но во 2020 година, омилени модни трендови ќе бидат оние од минатото. Во Новата година, вашиот плакар ќе патува низ времето - платформи од 90 - тите, ѕвонарки од 70 - тите и ракави со крој како од 80 - тите.2020 дефинитивно ќе биде година за навраќање во минатото.
Но, не грижете се, зошто многу стилови ќе се задржат и во наредните неколку месеци. Да, можете само да продолжите да ги носите вашите елегантни мини торби, како и светлите и неонските нијанси.
Во продолжение погледнете кои модни парчиња ќе бидат ИН во 2020 година.