15 работи што можеби не сте ги знаеле за Кристијано Роналдо

15 работи што можеби не сте ги знаеле за Кристијано Роналдо

Објавена во: Спорт // Фудбал

Кристијано Роналдо според многумина е еден од најдобрите фудбалери на светот, но и многу интересна личност надвор од теренот. На тревата и меѓу двата гола тој руши рекорди за кои веројатно сите знаете, но постојат и многу работи со кои тој се занимава во приватниот живот, а можеби не сте ги знаеле. Најпознатиот фудбалер не пие алкохол, има своја видео игра, не сака тетоважи...

1. Критичарите и новинарите сметаат дека Роналдо е арогантен, а тој всушност е една од најхуманите и најсрдечните личности на планетата.

2. Пред 7 години ја продаде својата „Golden boot“ награда за да помогне во основањето на нови училишта во Газа.

3. Во 2014 г., Ерика Ортиз, мајка на болно дете, го замолила Роналдо да ѝ го подари неговиот дрес. Роналдо не само што ѝ го подари дресот туку го плати и лекувањето на детето.

4. Во 2015 г. донираше 5 000 000 евра по земјотресот во Непал.

5. Паричната награда што ја доби за победата во Лигата на шампиони ја донираше во Уницеф.

6. Нема тетоважи, бидејќи сака секоја недела да донира крв.

7. Тој секогаш е расположен за фотографирање со фановите.

8. Прогласен за најхуманиот спортист на планетата.

9. Потекнува од сиромашно семејство и трагично го изгубил својот татко кога имал 20 години.

10. Таткото на Роналдо имал многу проблеми со алкохолот, за разлика од него, фудбалерот воопшто не пие.

11. На 15 години имал ласерска операција на срце.

12. На 14 години го избркале од училиште отакако фрлил столче. Тој несреќен момент се испоставило дека е среќен, бидејќи потоа имал повеќе време да му се посвети на фудбалот.

13. Тој има 143 милони следбеници на Инстаграм.

14. Летово Роналдо потпиша четиригодишен договор со италијанскиот клуб Јувентус по завршувањето на трансферот од 100 милиони евра.

15. Роналдо тренира пет пати неделно, во зависност од распоредот на натпреварите во текот на неделата. Просечно, тренира по три до четири часа дневно и следи строг план за исхрана.


Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: