15 работи што можеби не сте ги знаеле за Лионел Меси

15 работи што можеби не сте ги знаеле за Лионел Меси

Објавена во: Спорт // Фудбал

Малиот волшебник од Аргентина, како што знаат да го наречат, за многумина е еден од најдобрите фудбалери на планетета. Дресот на Барса го облече во 2004 година и со тоа започна една, нова фудбалска историја. За него е познато речиси сè,  но еве уште неколку интересни работи што можеби не сте ги знаеле.

1.  Првиот гол во дресот на ФК Барселона го постигна на само 17 години.

2.  Меси секој гол го посветува на неговата баба. Тој бил приврзан со неа и многу го погодила нејзината смрт, затоа секогаш кога ќе постигне гол ги подига рацете во воздух.

3.  Не сака многу да зборува и да биде во центарот на вниманието.

4.  Започнал да тренира фудбал од здравствени причини. Имал хормонални проблеми и проблеми со растот.

5.  Во шпанскиот речник е додаден нов збор во чест на фудбалерот. Зборот "Inmessionante" опишува совршен начин на играње фудбал.

6.  Сите тетоважи на неговото тело се посветени на неговото семејство.

7.  Меси е зависник од Кока - Кола.

8.  Првиот договор со ФК Барселона го потишал на салфетка.

9.  Неговиот постар син Тијаго само 72 часа по раѓањето стана член на Барса, во случај да го има талентот на својот татко.

10.  Основач на фондации за деца каде што им се нуди образование и здраствена нега, како и амбасадор на добра волја во УНИЦЕФ.

11.  Тој е еден од најдобро платените фудбалери во историјата на фудбалот.

12.  Диего Марадона во едно интервју изјави дека единствен човек на светот што може да го наследи е токлу Меси.

13.  Тој самиот има повеќе следбеници на Инстаграм отколку целиот тим за кој игра.

14.  Има двојно државјанство - шпанско и аргентинско.

15.  Еден од неговите прекари е Атомска болва, заради брзината со која се движи по теренот.


Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: