16-годишно девојче почина поради неодговорноста на родителите: Ова никогаш не требало да го дозволат

16-годишно девојче почина поради неодговорноста на родителите: Ова никогаш не требало да го дозволат

Објавена во: Живот // Живот

И покрај вродениот дефект на 'рбетот, Кејлеа Титфорд била во инвалидска колична, но била многу независна и активна тинејџерка.

Меѓутоа, кога светот го погоди пандемијата, неизбежно било да остане заглавена дома. Нејзините родители не обрнувале внимание на грижата за својата ќерка. Девојчето било врзано за кревет, не можело да се капе или да користи тоалет. По неколку месечи починало. Родителите во средата, на 1 март се појавија на суд и ја слушнаа пресудата.

Тинејџерката починала во октомври 2020 година во својата соба, која била преполна и неверојатно валкана. Последните шест месеци од животот, поради инвалидитетот и морбидната дебелина, не можела да стане од кревет, да се измие или да користи тоалет. Исто така, долго не одела на лекар.

Судијата во текот на судењето истканал дека порано девојчето, и покрај инвалидитетот, играло кошарка во инвалидска количка, а нејзината дебилина била последина на негрижата на нејзините родители, кои ја хранеле исклучиво со брза храна. Во последните 3 месеци од нејзиниот живот, нарачувале храна за повеќе од илјада фунти.

Двајцата родители се прогласени за виновни за убиство од небрежност - таткото е осуден на 7,5 години затвор, а мајката на 6 години.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: