18 - годишна ТикТок ѕвезда си го одзема животот: На Инстаграм посочи дека тоа е нејзина последна објава
Инфлуенсерката Дажарија Квинт Нојс, која ја следеа 1,4 милиони луѓе на социјалната мрежа ТикТок, изврши самоубиство откако на Инстаграм објави дека „ова е нејзината последна објава“.
Родителите потврдија дека младата интернет sвезда од едно место во Луизијана си го одзела животот.
„Срцето ми е скршено, не ми се верува дека те нема. Само чекам да ми кажеш дека беше шега, но не е. Да умрев наместо тебе“ - напиша нејзината мајка Џенифер на Фејсбук.
Нејзиниот татко Рахим Ала започна кампања „GoFundMe“ за неговата покојна ќерка.
„Би сакал да разговараше со мене за стресот кој го чувствуваше и мислите за самоубиство. Знам дека ќе можевме да го решиме тоа“ - напиша нејзиниот татко.
Фотографиите од 18 - годишната тинејџерка која за жал си го одзема живот, погледнете ги во продолжение: