20 години ја барал биолошката мајка, а таа му била многу блиску: Добил порака од ведро небо, вака ги споилa судбината

20 години ја барал биолошката мајка, а таа му била многу блиску: Добил порака од ведро небо, вака ги споилa судбината

Објавена во: Совети // Семејство

Наставникот од средното училиште во Јута, Бенџамин Хулеберг уште од рана возраст знаел дека неговата мајка и татко, Анџела и Брајан Хулберг, го посвоиле.

Отсекогаш сакал да знае нешто за неговата биолошка мајка и потекло, но единственото нешто што го дознал за неа е нејзиното име - Холи.

„Разговорот со родителите за Холи секогаш бил позитивен. Моите родители или ѝ се заблагодаруваа на Холи или зборував за тоа колку ѝ сум благодарен и како сакам да ја запознаам еден ден“, изјави 20- годишниот Бенџамин.

Во меѓувреме, Холи Ширер никогаш не го заборавила бебето кое го дала на посвојување на Денот на благодарноста пред 20 години. „Секогаш мислам на него. Уште повеќе за време на празниците и за неговиот роденден. Тоа е бура од емоции“,  изјавила неговата биолошка мајка Холи Ширер (36).

Во времето кога забременила, Холи била тинејџерка. Во првите три години по посвојувањето, семејството Хулберг ѝ испраќало писма и фотографии на Холи, но тоа престанало по затворањето на агенцијата за посвојување во 2014 година. Холи секогаш ја интересирало како е и кога во една прилика пребарувала на Интернет наишла на профилот на Бенџамин на социјалните мрежи.

„Имаше 18 години кога го најдов и многу се двоумев. Толку многу се случуваше во неговиот живот. Последното нешто што сакав беше да му направам проблем. Така само гледав од далечина“, рече таа.

Бенџамин Хулеберг не го знаел сето ова. Со години разговарал со своите родители за обидот да ја најде својата биолошка мајка. Тој пишувал писма, се пријавил во агенциите за посвојување, па дури и направил ДНК тест со надеж дека ќе најде биолошката мајка за која само знаел дека се вика Холи.

Така, кога Холи пред неколку месеци му испратила порака на Фејсбук во која му го честита роденденот, светот на Бенџамин се превртел наопаку.

- Точно се сеќавам каде бев кога ја добив пораката. Бев на работа. Го земав мобилниот телефон, ја видов нејзината порака и само ѝ одговорив: „Здраво! Како се познаваме?“ тој рече. „Во нејзиниот одговор таа ми објасни која е и се шокирав“, додаде тој.

Таа само го поздравила и му посакала убав ден, а на прашањето од каде се познаваат, таа му објаснила дека најголемата грешка ја направила пред 20 години кога го оставила.

Бенџамин рекол дека таа судбоносна порака предизвикала силна емотивна реакција. „Плачев. Сите овие беа многу позитивни емоции. Но, за мене ова е денот што го чекав последните 20 години од мојот живот и да сфатам дека конечно се случува беше нереално. Имаше многу за обработка“, објасни тој. После толку долго чекање, Бенџамин не губел време, веднаш ја замолил да се видат. 

„Ме замоли веднаш да се видиме, што малку ме вознемири“, рече Холи, додавајќи дека „не очекувала“, но дека сакала веднаш да се видат, па се договориле да се сретнат на вечера следниот ден. 

Средбата на двете семејства траела повеќе од два часа, а Бенџамин рекол дека нема чувство дека поминале дваесет години.

„Мислам дека Бенџамин е неверојатно среќен што ги има сите овие луѓе во неговиот живот кои го сакаат“, додаде таа. Холи и Бенџамин, исто така, сфатија дека по сите овие години, тие не се премногу далеку еден од друг, бидејќи и двајцата работат во болницата Сент Луис во последните две години, што е прилично неверојатно.

Холи е медицински асистент во Центарот за срце во Сент Луис Марк, додека Бенџамин волонтира на Одделот за интензивна нега, се грижи за новороденчиња. „Секое утро поминував низ женскиот оддел за да дојдам на работното место. Така секој ден одев на неонатална интензивна нега. Се паркиравме во иста гаража, можевме да бидеме на ист кат, немавме поим дека сме толку блиску“ рекла Холи.

Бенџамин сега е пресреќен.

„Не губете надеж. Непосредно пред Холи да ми се јави, полека почнав да губам надеж. Се обидов да ја најдам на многу начини и ништо не успеа. Таа ми одговори кога најмалку очекував. Тоа беше нешто што се случи од ведро небо. Тоа не им се случува на сите“ објасни тој. „Запознавањето со моето биолошко семејство и запознавањето со моите полубраќа и средбата со мојата биолошка мајка беше многу лековито за мене. Имаше мала дупка во мене за која не знаев дека постои и кога ги најдов се исполни. Се чувствувам комплетно. Се чувствувам како конечно да сум подготвен да продолжам со мојот живот“, заклучил тој.


Фото: Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: