3 работи кои ќе ги научиш единствено од твојата мајка

3 работи кои ќе ги научиш единствено од твојата мајка

Објавена во: Совети // Семејство

Мајката е истовремено и пример и најголема критичарка и инспирација и пријател, поддршка и најголем проблем во животот на една млада девојка. Како што растат, ќерките неизбежно навлегуваат во судр со нивните мајки. Причината за тоа е всушност фактот што тие се обидуваат да не бидат како нив, ако нивните мислења не се совпаѓаат, додека од друга страна мајките се обидуваат да избегнуваат ситуации во кои нивните ќерки прават грешки на ист начин како што тие правеле. Сето тоа е дел од таа комплицирана врска, низ која се протега безгранична љубов.

3 работи што ќе ги научите единствено од вашите мајки:

Луѓето, неминовно ќе те разочарат, но треба да научиш да живееш со тоа

Мајката е таа што треба да му објасни на своето дете дека во текот на животот ќе запознае различни луѓе и дека не секој е неопходно добар. Дека некои ќе сакаат да ја измамат, да ја искористат, да се преправаат дека се нејзини пријатели. Сепак, мајката е таа што мора да и ја покаже на својата ќерка таа разлика меѓу луѓето. Нејзината мајка ја учи да не го затвора своето срце пред секого, туку да прави место во него за оние кои не се токсични.

Љубовта боли - но НЕ ако е вистинска

Тешко е за младите девојки да го прифатат фактот дека се вљубувале во погрешна личност, оној што само имал намера да си поигра со нејзините чувства. Мајсторите на манипулација дури и ќе се обидат да ве убедат дека љубовта мора да боли. Сепак, мајката е таа што може да ви покаже поинаква страна на љубовта. Таа е таа што ве учи да ја прифатите вашата лоша проценка и да научите лекција од тоа.

Совршена си - баш таква каква што си

Само затоа што незрело дете се осмелило да дава понижувачки коментари за вашиот изглед, не значи дека е вистина. Мајката е таа што треба да ви стави до знаење дека сте убави такви какви што сте. Подеднакво и однадвор и внатре. И дека само оној кој е достоен за твојата љубов ќе знае да го препознае и цени тоа. Тоа е мајката која нè учи да сакаме, но пред сè да се сакаме самите себеси, а потоа и сите други.

извор:krstarica


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: