4 - годишниот Дарин е позитивен пример за сите: За првпат ја скрати косата за да ја донира за дечиња болни од рак
Секојдневно се наоѓаме во ситуации каде што децата ги учат постарите на вистинските вредности во животот. Тие се некако почувствителни и секогаш во вистинско време го преземаат вистинскиот чекор.
Едно такво дете, кое реши да помогне на многу дечиња кои ја водат битката со најтешката болест е 4 - годишниот Дарин. Имено, тој за првпат ја скрати својата коса и истата ја донираше за изработка на перики за децата болни од рак.
Оваа позитивна вест ја сподели неговиот татко на Инстаграм, а позитивните коментари и лајкови постојано пристигнуваат.
Секоја чест момче!
Може да ве интересира:Ми олесна, ја завршив мисијата: Јована ја донираше косата за перика за деца болни од рак