4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ги чека лош период и прекумерна нервоза

4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ги чека лош период и прекумерна нервоза

ОВЕН

Работа: Се наоѓате на почеток на период кој би можел да биде пресуден за вашата кариера. Ќе мора многу работи да поставите на нови основи и да го реорганизирате својот живот. Ќе успеете многу работи да доведете во ред, особено ако имате намера да го направите тоа по судски пат. Очекувањата во врска со странство би можеле да се остварат многу побрзо од тоа што го очекувавте. 

Љубов: Нешто во врска со вашиот семеен живот ви создава константни проблеми. Незадоволни сте, се повлекувате во себе и не зборувате за тоа што ве мачи. Вашите најблиски немаат многу разбирање за вас, но и вие не им олеснувате со тоа што не сакате да зборувате за себе. 

Здравје: Можна е повреда. 

БИК

Работа: Подобро би било да бидете многу пореални кога се во прашање вашите трошоци и да ги корегирате своите планови и да видите што е реално, а што не во вашата работа. Преголемите амбиции би можеле да ве одведат во големи долгови. Некој од вашата околина, можеби еден од родителите, е исклучително амбициозен и кај вас ги поттикнува тие амбиции. Немојте да бидете жртва на туѓи, но ниту на сопствените заблуди. Ако сте млади, тогаш сте под големо влијание на некој авторитет на работа. 

Љубов: Во текот на овој период ќе посакате да бидете сами и таман кога ќе помислите дека вашиот љубовен живот е хаос и дека на врската и е дојден крајот, нешто изненадно, многу пријатно ќе се случи. Тоа може да биде и повик за состанок, некој може да ви се најави во посета. Партнерот има големо влијание на одлуките за вашата кариера. 

Здравје: Избегнувајте големи количини на алкохол 

БЛИЗНАЦИ

Работа: Вашите обиди да ги средите финансиите и недвижностите се придвижуваат од мртва точка што значи дека ќе успеете да регулирате нешто по судски пат. Сепак, својата документација нема едноставно да ја доведете во ред. Контакт со некој од странство би можело да биде од големо значење. 

Љубов: Можна разделба од некоја драга личност. Можеби ќе одите на пат или сте преоптоварени со работата и немате време за најблиските. Ако сте на почетокот на врската или сакате некому да се додворувате, веројатно се обидувате тоа да го направите на оригинален начин. 

Здравје: Треба повеќе да се движите 

РАК

Работа: Би било добро за се што работите да си водите одредена документација, бидејќи таа може да ви биде од огромна корист. Секоја работа со странци во овие моменти изгледа најисплатливо. Можно е конфликтна ситуација која не ја очекувате. Младите амбициозни Ракови можат да бидат испровоцирани од ставовите на претпоставениот или некој кој одлучува за нивниот статус. 

Љубов: Немојте во афект да ја раскинете врската, или на брзина да стапите во брак кој нема да трае долго. За се што правите најмногу сметајте на себе, а помалку на вашите блиски. Младите слободни Ракови премногу очекуваат од некој кој го запознале преку пат на социјалните мрежи. На пат е долгоочекуваната средба. 

Здравје: Се чувствувате добро. 

ЛАВ

Работа: Во текот на овој период можете да бидете премногу чуствителни на се што се однесува на впечатокот кој треба да го оставите на другите, но веројатно не умеете да го пронајдете правилниот начин да се наметнете. Некои блиски се обидуваат да ви одговорат важни прашања кои се однесуваат како на нивните така и на вашите работни ангажмани. 

Љубов: Се навестува смирување меѓу вас и вашиот партнер, особено доколку во последно време сте имале прилично тензични односи. Доколку сте слободни, можно е да имате тајна симпатија и да не се осудувате да и дадете на знаење како се чувствувате, одобено доколку мислите дека не е слободна. 

Здравје: Патите од болки во нозете. 

ДЕВИЦА

Работа: Опседнати сте со паричните проблеми или со вашето работно место кое ви се чини несигурно. Доколку работите во приватна фирма веројатно сте во некакви недоумици како понатаму да постапите. Нешто не е во ред на вашето работно место. Тоа може да биде несогласувањето меѓу вашите колеги кое вие ќе треба да го исправите или несогласување меѓу вас и вашиот претпоставен. 

Љубов: Имате претерана потреба за возбуда. Потребно е да покажете поголеми иницијативи во врска со нешто што ви е многу важно а се однесува на вашите љубовни врски. 

Здравје: Се чувствувате добро. 

ВАГА

Работа: Некои нови обврски во потполност ве окупираа и енергетски сте прилично „истрошени“ но знаете дека немате излез, особено доколку сте сред некој поголем проект со странци. Точно знаете што сакате, но паралелно работите на најмалку две работи, очекувајќи дека и двете ќе бидат успешни. Постојат добивки од повеќе страни. Не се потпирајте премногу на другите туку само на себе кога е работата во прашање. 

Љубов: Многумина би сакале да ве запознаат но вие сте дистанцирани бидејќи така повеќе ви одговара. Некој особено сака да добие прилика да поразговара со вас за некои случувања од минатото. Не сакате на никој да ги доверите вашите грижи. Доколку сте му ветиле нешто на партнерот, обидете се тоа да го исполните бидејќи тој е нетрпелив и прилично детинест. 

Здравје: Намалете ги оброците. 

ШКОРПИЈА

Работа: Се наоѓате во конфузна состојба, барем кога се во прашање вашите редовни обврски. Се обидувате во секојдневните обврски да внесете интуиција, емоција, но сето тоа на крајот повеќе ви одмогнува одошто ви помага. Пресериозни сте, можно е да имате проблеми со законот или некој да ви се заканува. 

Љубов: Партнерот ви замерува дека не сте доволно деликатни и ќе ви пружи прилика да се покажете во поинакво светло. Со личност која ви е драга може да поминете особено пријатен ден, да направите разговор за нешто што ви е особено важно. Доколку сте на почеток на врска или намерувате да се додворувате, ова е вистинскиот момент за тоа. Можно е да имате сериозни размислувања за брак. 

Здравје: Се чувствувате добро. 

СТРЕЛЕЦ

Работа: Не би требало да имате проблем во комуникацијата со колегите, особено доколку работите со странци. Можно е да сте се впуштиле во работа за која не сте сигурни како ќе заврши и се обидувате да добиете на време. Еден ден сепак ќе морате да го направите она што ви прилега, а вие без причина се плашите. 

Љубов: Можно е да сте во некој вид на занес, неодамна да ви се додворувал некој кој се занимава со уметност и се уште да мислите на таа личност. Ви се допаѓа некој кој е особено интелегентен, кој поседува парапсихолошки способности. Можеби станува збор за доктор, уметник или спортист. Вашиот партнер е далеку посилна личност од вас, и е мошне доминантен. 

Здравје: Бидете внимателни доколку планирате да заминете на подолго патување.

ЈАРЕЦ

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, почитувајте ги правилата на игра и законските прописи затоа што може да бидете непријатно изненадени со нешто што ќе се открие за вас. Може да бидете жртва на афера или некој скандал, а во најдобар случај ви претстои непријатна сцена во фирмата ако не бидете пофлексибилни или спремни на некој договор. 

Љубов: Некој го критикува вашиот начин на живот, но вие не обрнувате внимание. Ако сте слободни, на домашна забава ќе запознаете амбициозна личност која често патува. Со оваа личност може да вопоставите одлична врска. Младите и слободни Јарци кои планираат пат во странство може да запознаат некој што веднаш ќе им стане драг. 

Здравје: Добро е, можете само да не се нервирате премногу.

ВОДОЛИЈА

Работа: Станувате многу ангажирани на работа, но и загрижени затоа што ви се чини дека не можете целосно да владеете со ситуацијата заради колегите кои ви ги наметнуваат нивните услови за работа. Не се нервирајте ако соработникот ви предложи нешто што не ви одговара. Имате можност да му го смените ставот и да се договорите околу заедничката работа под ваши услови. 

Љубов: Очекувате страсна врска, но ќе бидете задоволни ако дојде само и до флерт. Не би требало да ја отфрлите можноста за продолжување на врската со некој кој долго го познавате и кој отсекогаш ви е драг. Немојте да биде премногу рационални во се, особено не во љубовта. Дозволете си да се вљубите. 

Здравје: Внимателно со остри предмети 

РИБИ

Работа: Ќе дознаете нешто што ќе ви биде појдовна точка за вашите понатамошни планови, особено кога е во прашање соработката со некои од вашите колеги. А, токму соработниците или колегите ќе ве стават во дилема и ќе мора да се определувате. Не ги слушајте интригите туку донесувајте ги одлуките разумно, затоа што во спротивно само ќе станете жртва на сплетки. Можна е добра вест за парите што ви ги должат. 

Љубов: Ако сте млади и вљубени, постојат многу работи што не ги знаете за личноста што ви се допаѓа. Спремни сте да донесете одлука за заеднички живот и веројатно ќе планирате тоа да го направите на оригинален начин. На патување ви претстојат многу пријатни моменти, особено ако се работи за службен пат. 

Здравје: Можни се спортски повреди 

Можеби ќе ве интересира: