4 најбогати девојчиња на светот: Имаат име заштитено со закон, за сиромаштија не знаат, а до 10 години го поминале половина свет

4 најбогати девојчиња на светот: Имаат име заштитено со закон, за сиромаштија не знаат, а до 10 години го поминале половина свет

Објавена во: Совети // Семејство

Најбогатите девојчиња на светот, освен што доаѓаат од неверојатно богати семејства, имаат уште една заедничка работа - необично и единствено име...

Најбогатите девојчиња на светот се богати благодарение на своите родителите. Тие доаѓаат од семејства на актери, пејачи, ријалити ѕвезди и спортисти. Во желба да бидат посебни, родителите им дале необично и единствено име. Тие денес се тинејџерки, но за 10 години ќе доминираат на светската џет-сет сцена.

Погледнете за кои девојчиња станува збор:

# Харпер Севен Бекам - 11 години

Харпер е родена ѕвезда. Откако Викторија остана бремена, имаше многу шпекулации дали овој пат ќе роди девојче. Харпер на свет дојде на 10 јуни 2011 година, а веста за нејзиното раѓање го заобиколи светот.

Самата Харпер ја има инспирирано својата мајка Викторија за потполно нов концепт на облека „Мама и јас“. Девојчето од првите денови на својот живот е редовен гостин скоро на сите модни ревии. Иако има 11 години, Харпер има свој профил на Инстаграм.

# Еме Марибел Муњиз - 14 години

Еме е ќерка на пејачката и актерка Џенифер Лопез и Марк Ентони. Талентот за музика го има наследено од познатите родители. На сите музички турнеи ја следи мајка си и со неа ги пее некои песни.

По последните папарацо фокти, почна да се пишува дека Еме бара да ѝ со обраќаат со „тие“, наместо со „таа“, бидејќи не сака да биде родово дефинирана.

Бидјеќи го обожава Бен Афлек, во негово друштво беше забележана неколку пати, а не е познато каде се наоѓа денес, со оглед на тоа што нејзината мајка е на меден месец.

# Норт Вест - 9 години

Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест може да биде некој со силен карактер, каков што има Норт Вест.

Кога се роди сите пишуваа за нејзиното необично име, кое на прва звучи многу бизарно. Меѓутоа, со текот на времето сите се навикнаа, особено што ова необично име го носи девојче со необичен карактер.

# Блу Ајви - 10 години

Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи е најстарото дете на овие двајца музичари. Блу Ајви има само 10 години и со закон заштитено име, што значи дека никој на светот не смее да се вика како неа.

Блу Ајви на само 8 години почна да заработува пари. Првата плата ја доби како наратор во аудио книгата „Hair Love“, филм кој доби Оскар за најдобар краток анимиран филм.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: