5 алармантни знаци дека детето има опасен проблем: Тинејџерите вешто ги кријат, а може да бидат фатални
Родители, посветете се на своите деца на вистински начин, следните работи никако не би смееле да ги игнорирате и занемарите...
Периодот на адолесценција не е воопшто лесен за тинејџерите, како и за родителите, кои се обидуваат да воспостават најдобар однос со своите деца во периодот на созревање. Сепак, понекогаш младите се соочуваат со околности кои не можат туку така да ги пребродат и разберат, што доведува до сериозни психички проблеми. Прифаќањето во општеството, големите очекувања кои ги имаат мајката и таткото, заљубувањето - сето тоа се прекидачи кои предизвикуваат лавина во чувствителната фаза од растењето.
Доколку забележите некои од следните сигнали, задолжително побарајте совет од стручно лице:
# Се оддалечува од блиските луѓе и се затвара во себе
Оддалечувањето од пријателите, семејството и вообичаените активности може да биде показател дека нешто не е во ред. Ако вашето дете сѐ повеќе време поминува само, избегнува контакти со семејството и пријателите, прескокнува активности во кои некогаш уживало, прашајте го зошто го прави тоа.
Можеби постои конкретен проблем кој треба да се реши или ќе сфатите дека детето е депресивно и осамено. Нека вашето дете види и сфати дека се грижите и дека ви е важно да му помогнете.
# Разни видови на зависности
Во тинејџерските денови младите често експериментираат, што е и нормално по мислењето на многу психолози, но само до одредена граница!
Ако вашето дете се опива или дрогира или ви исчезнуваат таблетите за смирување, не го игнорирајте тоа. Да, тоа може да биде знак на безопасен тинејџерски бунт, но може да биде и знак за депресија и самоуништувачки тенденции и повик за помош.
# Успехот на училиште наеднаш се влошува
Влошувањето на успехот е знак кој не смеете да го игнорирате, бидејќи може многу да крие! Кај децата сигурно не се случува без никаква причина наеднаш да изгубат интерес, да се чувствуваат уморни, им се чини дека сè што прават е залудно...
Ако вашето дете минува низ оваа фаза, обрнете внимание. Наместо казна, на вашиот тинејџер можеби ќе му треба вашето разбирање и поддршка.
# Промена на добрите навики
Одредени однесувања се случуваат во одредена шема за секого. Работите како што се јадењто, спиењето или личната хигиена не варираат драматично до ден на ден.
Ако забележите дека вашиот тинејџер одеднаш многу повеќе спие или помалку од обично, јаде повеќе или помалку, ја занемарува личната хигиена и не се грижи за својот изглед - бидете внимателни. Тие промени може да укажат на ментално пореметување кое бара внимание.
# Размислуваат за смртта и не ја гледаат својата иднина
Ова е најјасен, но често занемарен показател за самоубиствени мисли. Тинејџерите се познати по својата драматичност. А, понекогаш и по црните мисли - адолесценцијата е збунувачки период кој поттикнува екзистенцијални дилеми кои повеќето од нас ги доживуваат порано или подоцна.
Најлошото нешто што можете да го направите е да ги игнорирате изразите како „животот нема смисла“ или „ништо не е важно“ или уште полошо, да го сметате како минлива фаза размислувањето „посакувам да бев мртов“. Тоа може да бидат повици за помош кои укажуваат на сериозен проблем. Треба да ги сфатите многу сериозно, да разговарате со детето и доколку сметате дека е потребно, да побарате стручна помош.
фото: freepik.com