5 години, половина свет е во заблуда: Како всушност се вика синот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон?
Откако принцот и принцезата од Велс, тогаш под други титула, го објавија името на нивното трето дете во 2018 година, поголемиот дел од луѓето го изговараат погрешно...
По принцот Џорџ и принцезата Шарлот, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на 23 април во 2018 година добија уште еден син, кој денес е четврти во редот за британскиот трон, веднаш по неговиот татко, брат и сестра.
Малото момче се родило во 10 часот наутро во лондонската болница „Сент Мери“, а следниот ден во негова чест биле испукани повеќе топови во лондонската кула и во Хајд паркот, а потоа заѕвониле и камбаните на вестминстерската опатија.
Три дена по неговото раѓање, британското кралско семејство објави дека третото дете на принцот Вилијам ќе се вика - во оригинал - Louis Arthur Charles.
Многумина автоматски објавија дека момчето се вика принц Луис, со оглед на тоа дека е Британец и член на британското семејство. Сепак, тоа не е така, бидејќи синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам всушност се вика Луј!
Имено, принцот го добил името по Луј, првиот ерл Маунтбатен од Бурма, а секоја дилема кое име да го добие нејзиниот син ја отстранила самата принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, години пред раѓањето на момчето.
Имено, и нејзиниот сопруг меѓу имињата го има и името на неговиот предок, со кој татко му Чарлс бил многу близок, а Кејт на венчавката тоа име го изговорила како Луј.
Набргу потоа, на јавни обраќања, семејството почнало да го нарекува момчето принцот Луј, а кога се сами тие имаат неодолив прекар за него - Лу Лу.
фото: Принтскрин / Инстаграм