5 правила за вечно другарство
Во одредени ситуации другарите и другарките се единствената поддршка што ја имаме и единствените луѓе на кои можеме да се потпреме. Нивниот вреден совет, другарското рамо, љубовта и грижата за нас, секогаш се вредни во моментиte кога сакаме да ја споделиме тагата со некој што навистина ни е близок.
Ако сакаш да им покажеш на твоите другари и другарки дека ти значат, следи ги овие 5 златни правила за вечно другарство.
Биди секогаш до нив во тешките моменти! Поддршката е највредното нешто што секому му е потребно. Биди со своите најблиски на кои им е потребна помош. Тие ќе го ценат твоето присуство и ќе бидат подготвени да го сторат истото за тебе, дури и повеќе.
Сакај ги и почитувајте ги! Дури и во моменти кога се расправате, не заборавајте да покажете почит кон нив. Блиските другари и другарки не се само за еден ден тие треба да останат крај тебе цел живот.
Кажувај им го своето искрено мислење! Исто како и тебе и ним им треба јасна и точна проценка особено за здодевните ситуации. Затоа убаво е да имаат крај себе некој што ќе ги враќа во реалноста и ќе ги приземји, кога знаат да полетаат во облаци.
Прифати го нивниот успех! Само вистинските другари можат да уживаат во успехот на своите најблиски. Ако навистина некој е важен за тебе, тој ќе ја оцени твојата радост кога ќе постигне нешто големо. Тоа е она што секому му треба - верна и искрена личност која нема да завидува.
Прифатти ги онакви какви што се! Ова е вечно правило за сите односи. Најблиските луѓе не се обидуваат да се променат, но тие се прифатени какви што се и се сакаат токму затоа. Прифати ги особините и недостатоците на другиот и тој ќе ги прифати твоите, сè е взаемно!