5 совети за полесно следење на онлајн наставата и завршување на обврските
Не е лесно да се остане еднакво мотивиран во време кога се пишуваат домашните задачи и во исто време се подготвуваш за државната матура, а сето тоа да го правиш од дома.
Малите ситници кои без проблем можеш да ги внесеш во своето секојдневние може да ти помогнат поефикасно, подобро и побрзо да ја следиш онлајн наставата.
# Разбуди се во некое нормално време
Првата грешка која можеби ја правиш, а поради која тешко ќе се натераш да учиш и работиш за време на онлајн наставата е спиењето до доцна. Ова моментално не се празници и колку порано се помириш со овој факт, толку е подобро за тебе. Само затоа што ти се промени секојдневнието и се соочен со социјалната изолација, тоа не значи дека не треба да престанеш да стануваш порано и да ги завршуваш училишните задачи и останати обврски, кои сигурно ги имаш. Затоа секое утро навивај аларм во исто време - не мора тоа да биде во 7 часот, но немој да спиеш и подолго од 9.
# Вежбај малку наутро
Доколку живееш во некое мало место - направи еден круг по соседството, прошетај го кучето,... додека оние кои живеат во стан нека смислат кратка утринска „воркаут“ рутина. Ова ќе ти помогне да го разбудиш телото и полесно да се справиш со мрзеливоста.
# Намести си го креветот
Уште една работа која ќе те спречи утрото да го поминеш во кревет е кога ќе станеш, да си го наместиш креветот. Ќе се чувствуваш подобро, собата ќе ти биде поуредна, а уште веднаш ќе ги имаш работите под контрола. Потребни ти се неколку минути да го заврши тоа.
# Среди си го бирото и од него тргни ги работите кои немаат врска со училиштето
На столчето имаш облека која треба да ја наредиш во плакар? Ситници и украси? Шминка? Се што имаш на биро, а не ти треба за учење и пишување домашно - премести го на друго место. Бирото нека биде твоето работно место и нека изгледа така. Полесно ќе се мотивираш за пишување на задачи, доколку другите 10 работи не ти го одвлекуваат вниманието.
# Направи си план и распоред за секој ден
Што треба да направиш утре? По кои предмети имаш домашно? Кога е крајниот рок за да ги испратиш задачите? Треба ли да учиш нешто? Навечер направи си план и напиши се што треба да сработиш. Немој да заборавиш да ги вклучиш и паузите во планот, појадокот и сите други ситници. И секако, кога секоја работа од листата ќе биде завршена, прецртај ја.