50 пати го гледал „Сам дома“: Конечно сфатив како го заборавија детето

50 пати го гледал „Сам дома“: Конечно сфатив како го заборавија детето

Објавена во: Stars // Филм

Новогодишниот култен филм „Сам дома“ првпат се емитуваше пред 30 години, а малку се оние кои не го гледале повеќе од 10 - тина пати. Меѓутоа, еден човек овој филм го изгледал 50 пати и дури сега воочил еден детаљ, кој објаснува како и зошто Кевин останал сам дома.

Приказната на филмот „Сам во куќата“ е за 8 - годишниот Кевин Мекалистер кој останува сам дома за време на празниците, кога неговото големо семејство оди на патување во Франција и случајно го заборава.

Како да не е доволно трауматично тоа што остана сам, Кевин треба да се справи со крадците Хари и Марв, кои се обидуваат да ја ограбат големата куќа во која живее.

Но, сепак се поставува прашањето, како е можно семејството да заминало и да не забележало дека им недостасува најмладиот член?

Одговорот лежи на самиот почеток на филмот. Во сцена кога Кевин и неговиот постар брат се расправаат околу вечерата и случајно истураат пијалоци на авионските билети.

Таткото на Кевин влегува и го расчистува нередот со неколку хартиени салфетки кои потоа ги фрла во кофата. Во една краток кадар беше прикажана содржината во корпата за отпадоци, а меѓу стутканите салфетки беше и картата на Кевин.

Кога семејството било на аеродромот, мајката ги изброила и наместо Кевин, во семејството влегло мало момче кое си играло во нивна близина, па бројот на патници во авионот бил точен.


„По 50 - ти пат го гледам „Сам во куќата“ и никогаш не сум забележал дека во почетната сцена, кога ќе се случи расправија во кујната, картата на Кевин заврши во ѓубре“ - напиша еден корисник на Твитер, а многумина се согласија со него.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: