6 мејкап совети: Како да се нашминкаш доколку носиш очила?
Очилата и шмиката одат заедно, а еве како да ги нагласиш деловите на лицето доколку очилата ти се главен моден додаток.
Само затоа што носиш очила не значи дека шминката не е за тебе, особено шминката на очите. Едноставно треба да знаеш како и што задолжително да ставиш.
Некои мејкап изгледи се одлични и со очила и без нив. Немој да бидеш обесхрабрена да ставиш шминка на очите или на лицето само затоа што очилата ти се додаток со кој ги поминуваш деновите. Со ваква шминка и очила, ќе изгледаш одлично.
# Туш на очите
# Светли сенки за очи
# Забавни и живописни бои на усните
# Smokey eye
# Немој да го прескокнеш коректорот
Иако можеби сметаш дека подрачјето под очите не е важно и не мораш да ставаш коректор, бидејќи наочарите ти го покриваат тој дел се лажеш. Токму очилата се тие поради кои овој дел од твоето лице посебно ќе дојде до израз. Подочњаците поради очилата може да ти изгледаат многу поголеми отколку што се.
# Обезбеди го подрачјето под очите и другите делови на лицето каде очилата ти го допираат лицето
Сите они кои носат очила, знаат дека тие може да го расипат совршениот мејкап. Рамките од очилата оставаат траги на лицете, особено на носот - оние две црвени „точки“ на двете страни од носот. Еден трик кој ќе ти помогне за да го намалиш лепењето на шминката за рамките од очилата е на лицето да ставиш малку проѕирна пудра во прав.