6 модели кои ќе бидат особено популарни: Какви очила за сонце ќе се носат оваа година?

6 модели кои ќе бидат особено популарни: Какви очила за сонце ќе се носат оваа година?

Објавена во: Мода // In and Out

Кој модел ќе го одбереш за себе?

Ова се моделите на очила за сонце, кои со гаранција ќе ги гледаш на фотографиите на инфлуенсерките, но и на градските улици или плажи. Биди и ти во тек со трендовите. Доколку планираш да си купиш нови очила за сонце ова лето, размисли за некој од овие модели.

# Бои!

Рамки и стакла во боја, исти или различни, не е важно, сè додека не станува збор за бои кои се во кафеави или црни нијанси. Не се плаши од боите.

# Очила со додатни стакла од страна

Следниот тренд на листата малку потсетува на некои трендови кои би ги носеле вонземјаните, но оваа година ќе се носат и на планетата Земја. Дополнителните мали стакла од страните, подобро ќе ни ги заштитат очите од сонцето.

# Супер тенки очила за сонце

Тенките очила за сонце ќе бидат ИН и оваа година. Не можеш да погрешиш доколку се одлучиш за ваков модел на очила.

# Ланци како додаток

Овој додаток и најобичните очила за сонце ќе ги претвори нешто поинакво, а ќе додаде и ретро нота на твојот изглед.

# Поинакви облици на очила за сонце се ИН

Ова лето ќе се бараат триаголни, шестоаголни облици на очила - колку понеобично, толку подобро. Доколку станрдните модели ти здодеаа, ова ќе биде вистинско освежување за тебе.

# Стакла споени над веѓите

Освен сите порано наведени модели, уште еден кој ќе биде апсолитен хит е оној со стакла споени над веѓите.

Слични модели на овие може да најдете во продавниците на Fashion Group Македонија, а доколку се уште стравувате да одите во продавници, тоа ќе може да го направите онлајн - на нивната веб страница.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: