7 бизарни правила кои ги почитуваат асистентите на Ариана Гранде: Се грижат за кучето, храната ѝ ја подготвуваат на растителна основа...
Не можете ни да замислите што сѐ бара пејачката од своите асистенти...
Ариана Гранде е една од најуспешните пејачки на денешницата, која кариерата ја започна на само 15 години. Зад неа има повеќе од 85 милиони продадени носачи на звук и добитничка е на бројни награди. Меѓутоа, и покрај неоспорниот талент и постигнати резултати, не ја следи некоја добра репутација. Светската ѕвзда, има бројни правила и барања кон кои нејзините вработени треба да се придржуваат, па поради ова многумина ја сметаат за разгалена.
За какви правила станува збор, дознајте во продолжение:
# Инсистира да ја носат
Кога е уморна, Ариана бара од нејзиниот персонал да ја носи.
„Нејзиното ново правило е дека мораат да ја носат, речиси како бебе на кое не му се оди. Кажа дека не сака нејзините драгоцени стапала да удараат во подот“ - откри извор близок на пејачката откако беше видена како асистентите ја носат по снимањето на музичкиот спот, уште во 2014 година.
# Асистентите мораат да ја следат со шише вода
Арина ниту на момент не сака да остане жедна, па ги тера своите помошници за неа да носат шише со вода.
„Дури се однесуваше како вистинска дива на доделувањето на „BBC 1's teen awards“ во 2014 година, кога крај себе имаше помошничка која ја следеше во чекор со шише вода. И што ќе почувствуваше жед, врескаше - ВОДА и девојката дотрчуваше. Во еден момент водата беше претопла за нејзин вкус, па ја плукна“ - кажа извор близок на пејачката за магазинот „Star“.
# Храната мора да ѝ ја подготвуваат исклучиво растителна основа
Откако Ариана поради љубовта кон животните одлучи да ја промени својата исхрана, нејзините помошници ѝ подготвуваат оброци на растителна основа.
„Цврсто верувам дека во јадењето исклучиво растителна храна, која може да го продолжи животниот век и да ве направи посреќна личност. Тешко е да јадете некаде надвор, но се држам до она што го знам - овошје, зелечук и салати“ - изјави таа за „The Mirror“.
# Секогаш мора да има јагоди на располагање
Освен што нејзината храна се приготвува на растителна основа, Ариана во секој момент сака да има достапни јагоди, бидејќи токму тие ѝ се омилена храна. Сите членови на персоналот кои се задолжени за нејзината исхрана ги подготвуваат јагодите како дел од нејзините оброци. Самата призна дека откако знае за сбее, јаде барем 5 парчиња на ден.
# Вработените се грижат за нејзините миленичиња
Ариана е голем љубител на животните и има многу кучиња како домашни миленичиња. Тие ѝ се многу драги, па затоа ѝ е важно луѓето кои работат за неа кон нив да се однесуваат правилно. Кога пред 3 години беше на посета во Глазгов, побара нејзините кучиња да патуваат со неа.
„За кучињата, на кои им имаше доделено посебна соба во двособниот стан, за време на престојот се грижел чувар. Освен што редовно добивале персонализирана кучешки бисквити во форма на коска, имале и крзнена постелина“ - кажа извор за „The Sun“.
# На камерата секогаш ја покажува само левата страна од лицето
Како и да е пред камера, Ариана бара да ѝ се снима само левата страна од лицето. Уште во 2014 година, како што пишуваше „news.com.au“, требало да има неколку снимања во Австралија, но тие на крајот биле откажани. А, наводната причина за тоа била тоа што фотографите за време на снимањето морале да ѝ ја фотографираат само страната која пејачката секогаш ја крие. Кога сфатила дека не можат да ги задоволат нејзините барања, ги откажала снимањата.
# Инсистира да се фотографира само под одредено светло
Во еден случај, животниот тренер на Ариана даде отказ и откри колку е тешко да се работи со пејачката. Тој тогаш потврди дека, освен што дозволува да се фотографира само нејзината лева страна, Ариана инсистира фотографиите да се прават само под одредено осветлување.
„Фотографиите ќе се прават само од левата страна, под одредено светло. Таа груба кон своите обожаватели. Беше толку опседната со косата што ја фарбаше на секои три дена, а нејзиното големо опавче е лажно“ - изјавил извор за „Page Six“.
фото: Принтскрин / Инстаграм