7 другарки што треба да ги имаш крај себе!
Што би бил животот, без другарките? Со кого би плачеле и со кого би се смееле. Велат дека во животот се доволни само неколку другарки сè додека се вистински. Мeѓутоа постои едно непишано правило кое вели дека секоја девојка во својот живот треба да има 7 различни типови другарки.
Провери дали и ти ги имаш овие 7 другарки во твоја близина:
Другарката со која се познаваш цел живот. Пораснавте заедно, можеби дури и заедно одевте во градинка. Ги знае сите твои љубовни приказни - од првата симпатија до првото момче. Таа го познава твоето семејство и прави да се чувствуваш разбрано и релаксирано. Оваа девојка е една од ретките кои те знаат навистина добро, бидејќи таа го следи секој момент во твојот живот. Суштината на оваа девојка е дека дури и ако не сте во постојан контакт, вашата врска останува силна и долгите паузи не изгледаат како да влијаат на вашето пријателство.
Другарката која те инспирира. Оваа девојка зрачи со позитивизам, без оглед на тоа каков живот живее. Оваа девојка те инспирира и те тера да правиш сѐ што можеш за да го гледаш животот од позитивната страна. Тоа ти помага и те тера да веруваш уште повеќе во твоите цели. Бидејќи таа го гледа најдоброто во тебе, во нејзино друштво се чувствуваш посигурна во себе. Ваквите другарки секогаш може да направат да се чувствуваш подобро, дури и во најлоша ситуација.
Другарка за итни случаи. Оваа девојка е доверлива во секој поглед. Таа е оној лик во кој си сигурна дека секогаш ќе биде со тебе и ќе одговори секогаш кога ќе треба. Твојата „итна девојка“ е подготвена да отфрли сè за да ти помогне. Имаш голема доверба во неа, како и таа во тебе. Тајните што ги споделувате се навистина тајни.
Другака со која споделувате исти нешта. Ова е девојка со која те поврзува нешто општо и со која се наоѓате во истата фаза од вашиот живот. На пример, ако посетувате курс по англиски или одите во иста танцова група. Со оваа другарка е секогаш забавно и секогаш е подготвена да започне забавна авантура.
Другарката која ти е сродна душа. Една од специфичните карактеристики на навистина блиска врска со некого е дека тишината нема да ви пречи или ве тера да се чувствувате непријатно. Тоа е другарката со која сте сродни души, со која споделувате посебна интимност. Уживате во присуството една со друга, без постојано да зборувате или да се забавувате. Можете само да седите заедно и да ги читате вашите омилени книги, на пример.
Новата другарка. За разлика од другарката што ја познаваш цел живот, оваа е прилично нова. Како растеш создавањето нови пријателста ќе станува сè потешко, затоа не треба да ја исклучувашсекоја можност за запознавање нови луѓе. Новата другарка секогаш може да те научи нешто за да ги прошириш своите хоризонти.