7 лаги за средното училиште во кои не убедија тинејџерските серии и филмови

7 лаги за средното училиште во кои не убедија тинејџерските серии и филмови

Објавена во: Stars // Филм

Да, знаеме дека тоа е само филм, дека се само актери и дека приказната е измислена, но тоа не значи дека некои од нереалните работи што ги гледаме во серии и филмови не ни ги мачат нервите.

Не велиме дека ќе престанеме да ги следиме подемите и падовите од светот на нашите омилени ликови заради тоа, но некои ситуации нè прават да заклучиме: невозможно!

Еве неколку средношколски лаги во кои нè убедија сериите и филмовите:

# Училишната ужина вклучува вкусно месо, гарнир, салата и десерт. И имате еден куп време за да ја изедете.

# Во училиште често се одржуваат забави и танцувања. Молам?

# Девојките се караат скоро секој ден, а нивните конфликти често прераснуваат во физичка пресметка.

# Можеш да имаш семејни, љубовни, здравствени или било какви други проблеми, но просекот на оцените секако ќе ти биде 5.0 и тоа без многу труд.

# Флертувањето со згодниот професор е сосема нормално и вообичаено.

# Момците кои се згодни може да го поминат целото средно образование без да имаат девојка.

# Потполно е нормално да носите високи потпетици на училиште.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: