7 начини како секој знак најдобро да ја искористите сезоната на Стрелецот
Стрелецот е последен од огнените знаци во хороскопот и ја отелотворува страста, забавата и креативноста, но и самоувереноста, чесноста и авантурите.
Сезоната на Стрелецот поттикнува да одиш кон она што го сака. Затоа прифати ја храброста и искреноста кои ти ги носи оваа сезона и пушти се во нови авантури. Немој да се плашиш да ги прошириш своите граници, научи нешто ново и кажи ја вистината. Сезоната на Стрелецот овозможува „човековото“ искуство и „духовното“ искуство да се надополнуваат, а за да можеш да одржиш рамнотежа, следи ги следните 7 начини како најдобро да ја искористиш сезоната на Стрелецот!
# Патувај
Најзначајните карактеристики на Стрелецот се авантурата и љубовта кон патувањата. Затоа доколку се двоумеше дали да заминеш некаде, сега е време за нова авантура. Без разлика дали одиш сам/а, со саканата личност или пак пријателите, важно е да тргнеш.
# Читај книги
Доколку не можеш да си дозволиш патување, тогаш отпатувај со своите мисли преку читањето книги.
# Оди на забави
Стрелецот е знак кој ја сака забавата и добрата атмосфера. Во ова време од годината има многу места кои можеш да ги посетиш сам/а или со друштво. Дотерај се и не плаши се да се опуштиш. Дозволи Стрелецот во себе да ти покаже слобода и добра забава.
# Работи на личниот развој
Сезоната на Стрелецот не е време кога треба да бидеш сам/а и скриен/а во четири ѕида. Немој да си ставаш ограничувања за сопствениот развој туку направи чекор во тој правец. Посети место кое го немаш посетено, пробај нова храна, започни ново хоби.
# Излези во природа
Стрелецот е знак кој сака да биде на отворено - на планина, во шума или на плажа. Оди на свеж воздух. Уживај во природните убавини кои се околу тебе, а така ќе си ги разбистриш и своите мисли.
# Почни да се занимаваш со спорт
Доколку досега не беше активен/активна, сега е времето за тоа. Оди во теретана или запиши се на некое групно вежбање. Најдобро од се е кога ќе одиш и вежбаш надвор, на отворено.
# Изрази ја својата духовност
Сезоната на Стрелецот е период во кој можеш да стапиш во контакт со духовната страна, истражувајќи различни уверувања и идеологии кои би можеле да ти одговараат. Стрелецот сака да учи, па ова е прекрасен период да најдеш учител кој ќе те научи нешто за составните духовни верувања или едноставно вкучи се на јога или медитација. Стрелецот сака да истражуваш и растеш, а ова може да биде одличен начин во својот живот да внесеш малку свежина.