7 совети како да станеш експерт за флертување!
Знаеме дека флертувањето не му оди секому од рака. Дури и на најискусните понекогаш им се случува да се вкочанат и да не можат да изустат ниту едно „здраво“. Но, не плашете се, ние сме тука да ви дадеме 7 совети како да ја освоите симпатијата.
#1 Воспоставете контакт на училиште
Знаеме дека кога се разминувате со симпатијата низ ходници, инстинктивно ви доаѓа да ја наведнете главата и да се „преправате“ дека пишувате порака, но нашиот совет е спротивен на тоа. Следниот пат, соберете храброст, насмејте се и кажете „здраво“. Само така симпатијата ќе може да ве забележи.
#2 Оставете да забележи
Звучи страшно, но не и невозможно. Наместо веднаш да го тргнете погледот од него или неа кога ќе ве забележи дека го/ја гледате, вие самоуверено продолжете да гледате, па можеби и додадете насмевка или да намигнете. Така создавате причина да ви пријде.
#3 Обрнете внимание на облеката
Забележете дали носи маица од омилениот бенд, или дуксер од спортски тим и започнете разговор на таа тема. На тој начин ќе можете да дознаете нови работи еден за друг.
#4 Ставете го фокусот на усните
Можеби ви звучи смешно, но насмевката секогаш ве прави попривлечни и повпечатливи. Пробајте, навистина делува!
#5 Бидете малку „несмасни“
Сосема „случајно“ судрете се во симпатијата на некоја забава и кажете: „Ох, извини, станувам малку несмасен/на кога сум во близина на слатка личност.“ Симаптијата ќе биде поласкана и ќе започне разговор со вас.
#6 Игнорирајте ја симпатијата, но не предолго
Да, ова звучи многу контрадикторно на сѐ досега, но сите знаат да го злоупотребат вниманието кое им се пружа. Затоа, ако се сретнете во маалското кафуле, поздравете се прво со друштвото, а симпатијата оставете ја последна.
#7 Флертувајте уште пред да отидете на дејт
Пишете му/ѝ на Инста: „ Вечер носи зелена блуза – ти ги истакнува очите ^_^“. Со овќе знае дека мислите на него/неа и со душа ќе чека да се видите, за да ви покаже дека ве послушал/а.