70-те се враќаат на голема врата: 16 фризури кои ќе бидат најголем хит во 2022 година (ФОТО)

70-те се враќаат на голема врата: 16 фризури кои ќе бидат најголем хит во 2022 година (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Оваа модна сезона е знак за враќање на многу стари трендови, а на модната сцена најмногу доминираат стиловите од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Но, тоа не важи само за облеката, оваа сезона фризурите од тој период се вратија на големата врата.

Доаѓа Нова Година, со тоа и многу промени, а во согласност со тоа многу жени се одлучуваат да ја сменат фризурата. Сезонава се враќаат фризурите од седумдесеттите. Сепак, ултра долгата коса не е единствената фризура која ја одбележа таа деценија, од бушави, малку неуредни должини, преку шишки до бобови, посуптилни варијанти на афро фризури - долга е листата на овие безвременски фризури.

Еве неколку предлози за ултимативен стил во новата сезона:

# Волуменско фенирање

Ништо не го истакнува трендот на 70-тите како волуменско сушење со фен. Некои од најдобрите светски фризери предвидуваат дека ова ќе биде најголемиот тренд во однос на стилизирањето на косата во 2022 година. За да го постигнете овој изглед, нанесете спреј на влажна коса исушена со пешкир, а потоа исушете ја со голема тркалезна четка. 

# Бушави локни

Големите, живописни кадрици буквално ве претвораат во кралица на дискотеката во 70-тите. За особено ретро, ​​неуреден изглед, истакнете неколку пократки прамени од предната страна.

# Долга коса со шишки

Во тие децении владееше долгата коса, а особено во мода беа стиловите со шишки.  Посветете посебно внимание долгите прамени да бидат силни, здрави и сјајни, затоа внимавајте особено на врвовите.

# Кадрава пикси

Лудите седумдесетти беа фокусирани на прифаќање на природната текстура на косата, а 2022 година нема да биде ништо поразлична. Кадравата пикси фризура зрачи со опуштен шик изглед

# Волуменски боб

Елегантниот, сјаен боб што сме навикнати да го гледаме во 2021 година можеби не потсетува особено на гламурот од 70-тите, но овој полн со волумен, жив и разигран секако потсетува.

# Опуштена фризура

Фризурите од 70-тите беа доста гламурозни, а доминираше и гранџ стилот. Оваа фризура не бара многу стајлинг или труд. Само разбудете се, нанесете спреј за текстура, збрчкајте ја малку косата со раката и спремни сте.

# Шаг фризура

Фризурата „шаг“, во превод значи бушава, и слави големо тренди враќање оваа сезона. Сега се носи во подолга верзија, а долги бушави слоеви се носат кон лицето што создава одличен изглед.

# Прибрана коса и виткани шишки

Шишките се враќаат во стил оваа сезона, а комбинацијата од подигната коса и шишки кои отскокнуваат е полн погодок.

# Шишки со патец

Шишките со патец или завеси шишки може да се обликуваат како што сакате. Ако сакате малку помирен изглед, исправете ги горните делови, а ако сакате да уживате во вистинскиот гламур од 70-тите, свиткајте ги нанадвор.

# Плетенки „балон“

Оваа фризура беше многу популарна во 70-тите, а оттогаш не се појави на модната сцена, се' до сега кога е се поголема популарноста на истата.

# Кадрав боб

Најдоброто нешто за фризурите од 70-тите е тоа што постои одлично решение за секој тип и текстура на коса. Додека бобот популарен во последните месеци, се залага за елегантен изглед, овој пример е доказ дека бобот е всушност универзален.

# Завиткана опашка

Додека високите опашки врескаат со естетиката на 90-тите, а натопените опашки ја откриваат атмосферата на 80-тите, ниската опашка врзана на тилот завиткана во прамен коса е вистински пример за 70-тите години на минатиот век. 

# Ситни плетенки

Малите плетенки се еден од најслатките трендови во светот на фризурите. Земете по еден сантиметар коса од двете страни на пресекот и исплетете тенки плетенки до крај, па прицврстете ги.

# Права и мазна

Права коса, мазна и со патец на средината - со ова е невозможно да погрешите. Класичен, безвременски стил кој одговара на секого. 

# Супер долги бранови

Ако вашата коса не е природно виткана, не грижете се, овој стил од 70-тите е многу лесен за постигнување - ичешлајте ја косата и со пегла направете бранови во средината.

# Марама

Ништо не потсетува на 70-тите како впечатлива марама во косата. Совршен избор кога немате инспирација, барате брзо решение или не можете да ја скротите косата.

извор:zena.blic
фотографии:instagram

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: