9-годишната ќерка на славниот актер целосно ја избричи главата: Светот се прашува зошто родителите ѝ дозволија
Всушност, таа беше избричена од нејзината мајка.
Ќерката на славниот актер и sвезда на серијата „Пријатели“, Дејвид Швимер, реши да ја избричи главата целосно.
Таа беше избричена, ни помалку ни повеќе, од нејзината мајка, односно поранешната сопруга на Швимер, Зое Букман, затоа што 9-годишната Климо е активист во борбата против климатските промени.
- Гледам дека денешните деца се справуваат со проблеми и стандарди на начин на кој ние не сме се справувале, а тоа, меѓу другото, ми дава надеж - истакна Зои на Инстаграм.
Уште во 2018 година, Швимер зборуваше во едно шоу за тоа како ја научи Клео да застане за себе и секогаш успешно да се брани од оние што ја малтретираат. Ја научив не само да го штити своето тело, туку и приватниот простор околу неа, и да изгради самодоверба и јасно да укаже на тоа што ја прави да се чувствува непријатно во одреден момент. Нејзиното тело, нејзината коса, сè е нејзино. Сето ова и дава храброст да се истакне и да застане за себе. И многу е важно да се изгради таа самодоверба уште од рана возраст.
Иако Дејвид и неговата сопруга и официјално се разведоа во 2017 година, тие се состанаа на 2 јуни годинава за да се појават заедно на протестот „Black Lives Matter“, и честопати истакнуваат дека останале во добри односи.
извор: telegraf.rs