9 работи кои треба да ги имаш на бирото додека учиш: Сѐ друго ќе ти го одвлекува вниманието
И не, мобилниот телефон не е една од тие работи...
Без разлика дали учиш за испит за факултет, државна матура или тест по биологија, првото и најважно е да го организираш просторот за учење. Не треба да имаш непотребни работи на тој простор што ќе ти го одвлекуваат вниманието, туку само овие 9. Тие се доволни за тебе.
Бирото секогаш некако станува место каде со текот на времето има премногу ситници кои немаат никаква врска со учењето и кои потоа го одвлекуваат вниманието кога треба да се учи. Да се има уредно биро или кое било друго место каде што учиш, е клучно за учењето да биде што е можно поуспешно. Обично имаме еден куп работи околу нас, но кога одиме да учиме треба да ги имаме само овие 9 - и ништо друго.
# Чаша кафе / чај
Кафето е гориво што придвижува, особено кога е сезона на учење, а тоа да го немате на вашето биро додека учите веројатно ќе доведе до тоа да заспиете за половина час. Без оглед на кој пијалок го сакате - кафе, зелен чај или нешто сосема друго, најдобро е да го подготвите пред да започнете со учење и да го имате со себе за да не го прекинувате учењето веднаш, бидејќи сигурно ќе се сетите дека ви треба за 20 минути.
# Шише / чаша вода
Исто толку важно е и пиењето вода. Важно е да бидете хидрирани и редовно да пиете вода, а кога учите и ќе се префрлите во еден сосема поинаков свет, лесно е да заборавите да станете и да одите во кујната за да испиете една чаша вода. Вака ќе биде тука до вас и сигурно ќе се сетите.
# Нешто за грицкање
Банана, јаболко, чоколадо или било што за енергија - некои такви ситници ќе ви се најдат кога ќе ја изгубите мотивацијата за учење. Може да дизајнирате систем за да се наградите со коцка од чоколадо секогаш кога ќе поминете и научите одреден атеријал. Такво нешто може да помогне, а понекогаш е едноставно полесно да научиме ако јадеме нешто благо.
# Маркери и пенкала
Корисно е додека учите да ги подвлекувате важните работи или да ги забележувате на страна. Ова може да ви помогне полесно да го запомните материјалот, но исто така и полесно да го повторите кога ќе го поминете низ следните 100 пати, бидејќи знаете дека ќе ви треба. И, позабавно е да научите (и полесно да се запомните) кога сè е шарено или кога правите дополнителни инфо графици додека учите.
# Очила, ако ги носите
Ова е период кога можете да ги оставите очите да се одморат од леќите и да ги ставите очилата. Никој нема да ве види и не е важно дали добро ви стојат и дали се вклопуваат во вашата облека. Учењето со леќи не е проблем за некои, но очилата дефинитивно се поудобна опција. Исто така, ако не носите очила цело време, туку само понекогаш, ова е можност кога треба да ги носите. Очите ќе се заморуваат помалку, а исто и вие.
# Листа со сè што треба да научите
Добро е секогаш да имате преглед на ситуацијата. Колку треба да научите? До кога? Кога е важен тестот или одговарање? Што ќе постигнеш за еден ден? Да се има добар план е клучно. Затоа не е лошо една од работите на вашато биро да биде листата со сè што треба да научите тој ден или од таа тема. На тој начин секогаш ќе знаете колку работа сè уште треба да направите, и задоволува кога ќе прецртате едно нешто од списокот.
# Хартиени марамчиња
Во случај да започнете да плачете кога ќе видите колку многу материјал имате и колку малку време ви останува. Шала на страна, корисни се хартиени марамчиња или хартиени крпи, може да истурите кафе или вода на хартии за учење или на вас, вашиот нос може да почне да тече, ги валкате прстите додека јадете чипс или чоколадо... Има толку многу ситуации кога ќе бидете задоволни што имате вакво нешто покрај себе, и не мора да трчате во друга просторија секогаш кога ќе ви затреба.
# Лаптоп / таблет
Електронски уред што не е вашиот мобилен телефон може да ви се најде. Немојте да го имате директно пред вас или во просторот за учење, бидејќи ќе ви го одвлече вниманието, но некаде на дофат на раката може да ви донесе корист. Секогаш и тогаш се појавува една мала работа што треба да се провери, не сте сигурни дали некој дел од материјалот ќе биде на тестот ... Интернетот ќе ви се најде тогаш. Но, само за тоа, во никој случај за Инстаграм или ТикТок.
# Билка
Кога вашиот простор е убаво украсен, полесно ќе можете да научите. Тоа не значи дека треба да имате еден куп украси на масичката, но неколку, еден или два. Добра декорација може да биде некое мало растение како кактус или рамка со омилена фотографија. Ова се работи што нема да ве одвлечат од учење, а кои сепак ќе направат вашиот простор да изгледа удобно.
фото: shutterstock