„A1 Academy“ заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy“ заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Објавена во: После „Школо“ // PR

– По интензивно тринеделно предавање А1 Македонија со гордост го објавува успешното завршување на A1 Academy. Академијата за Бизнис Аналитика им овозможи на учеснците да стекнат знаење и вештини во повеќе области, како што се анализа и визуелизација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примената на вештачка интелигенција во бизнис секторот.

“Горди сме што се повеќе млади ја препознаа нашата намера и покажаа огромен интерес и мотив за учење. Со креирање на динамична средина за учење и обезбедување пристап до најновите алатки и методологии, продолжуваме со нашата цел, а тоа е овозможување на што повеќе млади луѓе да се стекнат со дигитални вештини во ова модерно време. Наскоро следува нов модул на уште една атрактивна и модерна теми и ги охрабруваме сите млади што сакаат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy.” - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Нашите врвни експерти, професионалци во својата област понудија детално изучување на клучни сегменти како што се предвидување на бизнис трендови, оптимизација на процеси и стратешко одлучување. Целта на академијата беше да се објаснат најновите методи и практики кои се повеќесеупотребуваатвосфератанабизнисаналитикаиоперативниотменаџмент, апридонесуваатзаоптимизацијанабизниспроцесите, намалувањенатрошоцитеицелокупно подобрување на ефикасноста и работењето на бизнисите. Крајот го заокруживме со официјално доделување на сертификати.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.

Пр објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: