Ацо Пејовиќ има посебно барање за своите ќерки: Момчињата ќе мора да ги донесат прво дома

Ацо Пејовиќ има посебно барање за своите ќерки: Момчињата ќе мора да ги донесат прво дома

Објавена во: Живот // Живот

Пејачот се присети и на своето детство и откри дали има комплекси...

Пејачот Ацо Пејовиќ е во долгогодишен брак со сопругата Билјана, со која ги доби трите ќерки - Магдалена, Марија и Ива, но скоро никогаш не го експонира своето семејство во јавноста.

Бидејќи Магдалена и Марија се веќе големи, пејачот сега открива дали кон идните зетовци ќе биде строг. Имено, отј веќе има едно барање за своите ќерки.

„Ќе настојувам момчињата да ги донесат дома, бидејќи јас морам да знам со кој моето дете се гледа и со кој ќе оди во град и ќе го поминува времето, тоа денес е нормално“ - признава пејачот.

Со здружени сили со сопругата, Ацо се труди преку воспитувањето на своите ќерки да им всади вистински вредности и од нив да направи квалитетни личности.

„Сето она што е потребно за еден вистински христијанин, да е верник, да е чесен, без гордост, да е добар во секој поглед кон пријателите и сите други луѓе, да биде внимателен, да не гледа од високо. Тоа е она што јас го барам од нив“ - кажа Ацо и потоа откри дека и самиот во детството бил нормално, воспитано момче. Ккао што вели, не си создал комплекси и покрај многуте работи кои му недостасувале.

„Не се сеќавам дека сум имал некакви комплекси како помал. Така сме воспитувани, да не си создаваме комплекси од некои свои недостатоци. Израснав во работничко семејство, имавме колку што имавме, не можевме да се расфрламе и да бидам некој син на мама и тато. Јас бев син на мама и тато, на кој родителите му даваа љубов, но не и многу пари. Воспитуван сум така што никој не може да ми набие комплекси. Ги немав ни во физичка смисла. Мислам дека како дете бев нормален. Не сакав да ги прозивам другите деца кои имаа некој проблем или недостаток, едноставно не бев сурово дете. Мислам дека сето тоа доаѓа од дома“ - раскажа Пејовиќ за „Гранд Онлајн“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: