Адеми: „Свидетелствата ги даваме бесплатно, ако ви бараат пари пријавете“

Адеми: „Свидетелствата ги даваме бесплатно, ако ви бараат пари пријавете“

Објавена во: Совети // School zone

Пред неколку дена Сојузот на средношколци излезе со соопштение дека во текот на минатата недела добил поплаки од средношколците во повеќе градови од државата дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање на свидетелствата.


На денешната прес - конференција која ја имаше министерот за образование и наука, Арбер Адеми му беше поставено прашање на оваа тема. Тој истакна дека официјално немало стигнато никаква поплака на адреса на министерството, но дека тој е запознаен со случајот. Воедно ги охрабри сите ученици и нивните родители сите вакви незаконски дејства да ги пријават до просветниот инспекторат.

„Официјално и формално на нашата адреса на Министерството за образование и наука немало некоја ваква жалба. Меѓутоа, како што е известена јавноста, така сум и јас известен со некое вакво дејство. Ние како Министерство за образование и наука остро го осудуваме секое вакво дело кое што ги задолжува учиниците да плаќаат парични средства, односно државни средства за кои што немаат обврска да ги даваат. Свидетелствата ние бесплатно ги даваме и ги охрабрувам сите ученици и сите граѓани до просветниот инспекторат да ги пријават сите вакви незаконски дејства. Државниот просветен испекторат има јасна ориентација за да преземе конкретни дејствија во насоки на санкционирање до сите оние кои што ги кршат законите, бидејќи обезбедувањето на свидетелствата е бесплатно.“ - изјави министерот за образование, Арбер Адеми на денешната прес - конференција.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: