Адисон Реј е во шок: Сѐ заради бизарната теорија на Кардашијан за неа и Кортни

Адисон Реј е во шок: Сѐ заради бизарната теорија на Кардашијан за неа и Кортни

Објавена во: Совети // Другарство

Познатата ТикТок ѕвезда, Адисон Реј со своите скоро следбеници е втора личност, која има најмногу следбеници на апликацијата. Поради својата ТикТок популарност заплива и во актерските и музичките води. Обожавателите на Адисон беа возбудени кога го забележаа името на својата миленичка во описот за претстојаната епизода од реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“. Меѓутоа, епизодата не изгледа онака како што очекуваа обожавателите.

Обожавателите на ТикТок ѕвездата, Адисон Реј беа многу возбудени и љуботни кога го видоа називот на новата епизода од реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, кое гласеше „Kim and Khloe are curious about Kourtney's new friend Addison Rae“. Кој би рекол дека епизодата ќе изгледа сосема поинакво од она што го очекуваа. Ким и другите членови на семејството ја открија својата луда теорија за Адисон и Кортни - сите сметале дека тие двете претходно флертувале.

20 - годишната Адисон и 41 - годишната Кортни се спријателија откако се прослави ТикТокерката, но оваа двојка се соочува со многу критики. Некои ова пријателство го нарекоа чудно, поради големата разлика во години, но изгледа дека не биле обожавателите единствени со вакво мислење. Остатокот од семејството Кардашијан остана збунето поради најверојатната врска помеѓу овие две ѕвезди, а тоа открено ѝ го кажаа и на Адисон, кога ја повикаа на ручек додека Кортни не била дома.

Клои ја праша ТикТокерката: „Што по ѓаволите правиш со Кортни па е толку среќна?“. По ова, продолжи Ким: „Да бидам искрена на почекот мислевме, Чекај... дали овие двете се заедно?“. Скот исто така додаде тој сѐ уште имал такво мислење. Адисон ги негираше овие обвинувања и кажа дека е многу чудно што им оставале таков впечаток на сите. Гледачите не беа воодушевени со сцената, бидејќи се чувствуваа лошо поради Адисон. Но, на крајот од денот на сите сепак им беше возбудливо што Адисон се појави во толку познато шоу.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: