Адисон Реј го објави својот прв сингл: Ќе се откаже ли по ова ТикТокот?
Многумина се опседнати со Адисон Реј, а токму за тоа се зборува и нејзиниот прв сингл.
20 - годишната ѕвезда на ТикТок ги изненади обожавателите со првиот сингл под назив „Obsessed“, во кој се зборува за тоа како да се сакаш себе.
За да ја напише песната ѝ помогнаа Бени Бланко и Рајан Мекмахон.
„I’m obsessed with me-e-e as much as you / Say you’d die for me I’d die for me-e too / And if I lost you, I’d still have me, I can’t lose / When you say that you’re obsessed with me, me too“ - пее Адисон во рефренот.
„Толку сум задоволна и неверојатно сум возбудена што конечно можам да ви го претставам она на што работев изминатата година“ - рече Адисон.