Адисон Реј: Не морам да изгледам на одреден начин за да се вклопам во „совршениот“ изглед
Адисон Реј си ја отвори душата и раскажа како се бори со негативните коментари на интернет.
Во новото интервју за Glamour UK, 20 - годишната ТикТокерка откри дека многу коментари кои ѝ се упатени имаат врска со нејзиното тело.
„Многу од тоа има врска со тоа како физички изгледам“ - вели таа. „Навистина е тешко една девојка да расте со тоа. Мислам, и момците се на удар. Луѓето имаат високи стандарди кога е изгледот во прашање: Мораш вака да изгледаш за да изгледаш прекрасно или за да изгледаш убаво, за да бидеш кул. Не мораш да изгледаш на одреден начин само за да се вклопиш“ - вели Адисон.
„Многумина велат дека не изгледам како стандардните убавици. Тоа не е секогаш комплимент, бидејќи некои велат дека им е драго што сум среќна, покрај тоа што не сум совршена“ - наведе таа.
„Понекогаш боли кога го кажуваат тоа, бидејќи мислам дека сите се совршени и не ми е јасно зошто постои некој стандард за идеално тело? Многу размислував претходната година и сфатив дека не постои недостижни совршенство, бидејќи тоа е невозможно“.
„Имам 20 години и чувствувам дека моето тело секогаш се менува, а сега повеќе отколку било кога“ - додаде. „Важно е да бидам здрава и тоа е она за што единствено размислувам. Не морам да изгледам на одреден начин за да бидам совршена или здрава“ - заклучи таа.