Адисон Реј за приказните дека Брус Хол ја изневерува: Некои работи ги решавам „офлајн“

Адисон Реј за приказните дека Брус Хол ја изневерува: Некои работи ги решавам „офлајн“

Објавена во: Совети // Boys and Girls

ТикТокерката посочи дека вистината ќе ја открие кога ќе сака...

Минатата недела, на интернетот започнаа да кружат приказни дека Брус Хол ја изневерувал Адисон Реј.

Иако најпрво не се огласуваше, младата инфлуенсерка која популарноста ја доби на ТикТок, објави стори на Инстаграм, во кое на обожавателите им се заблагодари на поддршката, само неколку дена откако Брус на Твитер напиша: „Не ја изневерував Адисон“.

„Сите ве сакам и сум ви многу благодарна на прекрасните зборови и поддршка која ми ја давате“ - напиша таа.

„Кога и доколку сакам, ќе споделам некои работи, но тоа ќе биде моја одлука. Ви благодарам на љубовта и поддршката. Омразата никогаш не е решение.“

Минатиот викенд, обожавателите „откачија“ откако Адисон напиша, па избриша неколку чудни твитови. „Разочарана, но не и изненадена“ - гласеше првиот твит.

Истовремено, Брус на папараците им кажа дека помеѓу нив „се е во ред“ и дека дури подготвуваат заедничко видео.

„Не знам зошто сите претеруваат поради глупави работи... додека нешто не направиме или не кажеме.... мислам дека би требало да се има трпение“ - рече тој.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: