Адреа, девојката за која слушна светот не застанува: Нов проект со оркестарски верзии на нејзините песни

Адреа, девојката за која слушна светот не застанува: Нов проект со оркестарски верзии на нејзините песни

Објавена во: Stars // Музика

Андреа, младата македонска пејачка, во петокот, 19 февруари, го најави почетокот на својот нов проект заедно со светски познатиот оркестар Fames, кој ќе опфати оркестарски верзии на три песни. Првата песна е веќе објавена и може да ја слушнете во продолжение: 


За реализација на проектот, Андреа и нејзиниот тим соработуваа со Бете Илин, која се погрижи за оркестaрските аранжмани на песните. Благодарение на FAMES Оркестарски музички проект, оркестар кој има сработено над 1500 музички проекти за светски познати проекти, како и диригентската палка на Олег Кондратенко, песните добија аудио записи. За видеата се погрижи Владимир Митревски Ѓуле. 

„Овој проект е нешто ново за мене, едно различно доживување од аспект на снимање песна, но и од аспект на звук и интерпретација. Моите песни ги доживеав поинаку, благодарение на оркестарскиот звук. Среќна сум што изведувам со бенд со кој делиме одлична енергија и едвај чекам да покажеме што можеме заедно.“ - изјави Андреа.

Андреа неодамна почна да работи со бенд кој досега професионално функционира и редовно одржува проби подготвувајќи се за сите музички ангажмани кои наскоро следуваат во нејзината кариера. 

Освен овој проект, Андреа и познатиот продуцент Александар Масевски најавуваат нови изненадувања за нејзината публика наскоро. Нејзините две песни „I Know“ и „I Don’t Know Your Name“ постигнаа големи резултати ширум светот, особено во Европа, САД и Јужна Америка, чии радио станици и познати музички блогови ја нарекуваат „интернационална ѕвезда во подем“. Таа напорно работи на развој на музичката кариера, па до крајот на оваа година, нејзината публика може да очекува и албум што ќе биде едно успешно заокружување на периодот откако за прв пат се појави Андреа. 

Андреа е роденa на 14 февруари 2000 година во Скопје, но краток период, поради работните ангажмани на неjзините родители, живее во Харлем во Њујорк каде за прв пат се вљубува во музиката, особено во RNB стилот кој до ден денес го негува во својата музика. Моментално студира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на отсеткот Соло пеење – популарни жанрови. 

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: