Samsung ја проширува визијата „AI за сите“ на CES 2025 за да ја носи вештачката интелигенција насекаде и секој ден

Samsung ја проширува визијата „AI за сите“ на CES 2025 за да ја носи вештачката интелигенција насекаде и секој ден

Објавена во: После „Школо“ // PR

Компанијата претстави освежена стратегија користејќи Home AI за унапредување на корисничките искуства во домот и надвор од него

Samsung Electronics ја откри својата нова визија „AI за сите“ на саемот CES® 2025, со акцент на тоа да ја направи вештачката интелигенција (АI) да биде дел од секојдневието насекаде. Врз основа на повеќе децениското лидерство во поврзаните домови, Samsung ја користи моќта на AI за да донесе интелигенција во секојдневието, овозможувајќи им на луѓето да искусат поличен, повлијателен и помоќен свет.

Џонг-Хи (JH) Хан (Jong-Hee (JH) Han), потпретседател, извршен директор и раководител на одделот за уреди (DX) на Samsung, ја отвори прес-конференцијата на CES 2025 со претставување на планот на компанијата за Home AI – стратегија за редефинирање на значењето на домот преку обезбедување вистински персонализирани услуги на сите интелигентни, поврзани уреди. Оваа стратегија, заедно со иновациите на Samsung во мобилните уреди, апаратите за домаќинство и визуелните екрани засилени со AI, е доказ за долготрајната посветеност на Samsung на иновации насочени кон човекот, носејќи ја моќта на AI во секојдневните искуства за да го направи животот подобар за сите.

„Горд сум што воведовме нови технологии и интелигенција во домот, поврзавме клучни уреди и го поставивме стандардот за домот на иднината,“ изјави потпретседателот Хан (Han). „Оваа година на CES ја зајакнуваме нашата посветеност на обезбедување персонализирани искуства преку широка имплементација на AI, и ние ќе продолжиме да бидеме лидери во светот на AI, не само во следната деценија, туку и во следниот век.“


Унапредување на секојдневните искуства со Home AI

Подоцна на прес-конференцијата, Џонатан Габрио (Jonathan Gabrio), раководител на центарот за поврзано искуство на Samsung Electronics America, ја прошири визијата Home AI, нагласувајќи ја посветеноста на компанијата за интегрирање на AI низ целото поврзано искуство за задоволување на различните животни стилови. Од едночлени домаќинства до повеќегенерациски семејства под ист покрив, Home AI учи од навиките и се прилагодува на индивидуалните рутини за хиперперсонализирано искуство во паметниот дом. 

Безбедноста и приватноста се во сржта на стратегијата Home AI на Samsung. Samsung препознава дека со зголемување на бројот на поврзани уреди во домовите и AI станува полична, па затоа е потребно да се заштити приватноста на корисниците. За да ги задоволи овие потреби, компанијата ги прошири своите безбедносни можности. Сега, Samsung Knox Matrix ги штити апаратите за домаќинство заедно со мобилните уреди и телевизорите преку својата уникатна блокчејн технологија, при што поврзаните уреди соработуваат за да го заштитат домот, податоците и самите корисници од дигитални закани. Со Knox Matrix Dashboard, Samsung овозможува транспарентна контрола на приватноста и поедноставено управување со безбедноста низ целиот поврзан дом. Како што информациите се синхронизираат меѓу уредите, Knox Matrix Credential Sync гарантира дека податоците може да се шифрираат или дешифрираат само од уредите на корисникот. Дополнително, Samsung Knox Vault додава уште еден слој заштита, чувајќи ги чувствителните информации како лозинки или ПИН кодови на безбедна локација.

One UI на Samsung обезбедува интегрирано софтверско искуство за сите поврзани уреди на Samsung, подобрувајќи ја интероперативноста, овозможувајќи функции базирани на AI и обезбедувајќи софтверски надградби до седум години.

Основата на сето ова е SmartThings, платформата на Samsung за паметен дом, која овозможува интелигентна поврзаност за стотици милиони корисници ширум светот. Со вербата на Samsung во отворена иновација и партнерство како основа, SmartThings е опремена со најнова AI технологија за поедноставување и персонализација на искуството во паметниот дом, нудејќи целосна погодност. SmartThings Ambient Sensing интуитивно го разбира амбиентот и контекстот на опкружувањето на корисникот, анализирајќи дури и човечки движења и амбиентални звуци преку поврзаните уреди во домот. На овој начин, уредите интелигентно и беспрекорно одговараат и се адаптираат на секојдневните рутини.

Bixby Voice, напреден AI-гласовен асистент, ќе биде интегриран за зголемување на употребливоста. Асистентот е обучен да препознава индивидуални гласови и да одговара на команди на начин кој најдобро одговара за секој корисник.

Беспрекорна забава во ерата на вештачката интелигенција

Најновите искуства со екраните на Samsung, поддржани од Samsung Vision AI, носат неочекувана радост во секојдневието на корисниците преку неспоредлива персонализација и возбудливи нови функции. AI Screen ја воведува интелигенцијата во телевизорите, нудејќи функции како Генеративна позадина (Generative Wallpaper), Превод во живо (Live Translate) и Пребарување со клик (Click to Search). На чело на оваа технологија е Neo QLED 8K, кој обезбедува најнапредни искуства за гледање преку AI-функции како што се: 8K AI Upscaling Pro, Auto HDR Remastering Pro и Color Booster Pro – сите овие функции работат во позадина за интелигентно подобрување на квалитетот на сликата. Дополнително, уметничкото искуство на The Frame се проширува, овозможувајќи сите Samsung QLED телевизори да имаат дигитална колекција од над 3.000 уметнички дела, претворајќи ја секоја просторија во лична галерија.

Стратегијата Screens Everywhere на Samsung добива нов замав со нови опции за екрани на апаратите, вклучувајќи ги новите фрижидери со 9-инчни AI Home екрани и други уреди со 7-инчни екрани. Корисниците ќе можат да уживаат во зголемена функционалност – вклучувајќи разни услуги за забава, AI-функции како AI Vision Inside, како и директен пристап до онлајн услугата за купување Instacart – на поширок спектар на производи.

AI насекаде

Надвор од домот, иновациите на Samsung во вештачка интелигенција се насочени кон трансформирање на нови категории и индустрии преку SmartThings Pro. Дизајнирана да ги донесе истите AI-дигитални решенија до деловните партнери како што SmartThings ги нуди на своите потрошувачи, SmartThings Pro е B2B решение кое опфаќа повеќе станбени домови до малопродажни простори, хотели, училишта итн. Од нејзиното лансирање минатиот јуни, SmartThings Pro им овозможува на бизнисите интеграции за подобро разбирање на потрошувачката на енергија, проактивно идентификување уреди кои имаат потреба од одржување и нуди целосна контрола на поврзаните решенија. Samsung соработува со партнери за создавање на иновативната платформа Future Innovation Technology (FIT) за поголеми бизниси и згради, која автоматизира климатски контроли за заштеда на енергија и намалување на трошоците за електрична енергија.

Samsung заедно со Samsung Heavy Industries работи на нов проект преку SmartThings, кој го користи стандардот за поврзаност Matter за поврзување со компатибилни бродови. SmartThings for Ships (SmartThings за бродови) вклучува Режим пред пловење (Pre-Sailing Mode), кој овозможува капетаните и екипажот автоматски да стартуваат мотори и да поставуваат температурни и осветлувачки параметри, штедејќи време и енергија. Режимот за грижа (Care Mode) овозможува целосен преглед на потрошувачката на енергија, климатските системи и алармите за чад, додека Режимот за заштита (Protection Mode) континуирано следи за абнормални активности и испраќа предупредувања.

Samsung ја проширува интеграцијата на SmartThings во автомобилската индустрија преку ново партнерство со Hyundai Motor Group, носејќи ја SmartThings во електричните возила на Hyundai. Корисниците сега можат да користат SmartThings Find за лесно лоцирање на својот паркиран автомобил дури и на преполни паркинзи. Со помош на Home AI, SmartThings може да дава препораки за тоа кога да се полнат електричните возила според распоредот и тарифите. Доколку дојде до прекин на струја во соседството, автоматски се активира Battery Backup Mode, кој заедно со AI Energy Mode го продолжува траењето на батеријата за да обезбеди енергија за основните домашни потреби.

Во автомобилската индустрија, Samsung и неговата подружница Harman го продолжуваат ветувањето дека ќе го трансформираат автомобилското искуство со нови производи кои внесуваат контекстуална свест во кабината од возилото. Со експертизата на Samsung во UX и AI, новиот аватар на HARMAN во возилото делува како интелигентен дигитален копилот кој работи со производите на Harman како што се Ready Care и Ready Vision за да ги предвидува потребите додека возачите се фокусираат на патот.

Зајакнување на следната генерација

Инхи Чунг (Inhee Chung), потпретседател на корпоративниот центар за одржливост, истакна како визијата на Samsung „AI за сите“ е вкоренета во посветеноста на брендот за користење на напредна технологија за подобар и поинклузивен свет. Samsung воведува разновидни и подобрени функции за пристапност преку уреди и услуги потпомогнати со AI, почнувајќи со можноста за автоматска синхронизација на функциите за пристапност помеѓу апаратите за домаќинство и паметните телефони.

Од првата половина на оваа година, Bixby ќе може автоматски да ги прилагоди поврзаните уреди за приказ на текст со висок контраст или да обезбеди гласовен водич за членовите на семејството со оштетен вид, само со препознавање на нивниот глас. За лицата со слаб вид, AI ја подобрува функцијата Audio Subtitles, намалувајќи ја јачината на звукот на странски јазик и читајќи ги преводите на јазикот што го избира корисникот.

Чунг (Chung), исто така, ја истакна важноста на иницијативите како што се: Samsung Solve for Tomorrow, Samsung Innovation Campus и соработката со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) за развој на следната генерација иноватори. Денес, иницијативата Samsung Solve for Tomorrow предизвикува повеќе од 2,6 милиони ученици од 66 земји да користат STEM за решавање на предизвиците во нивните заедници. Минатата година, за време на Олимписките игри во Париз 2024, Samsung и Меѓународниот олимписки комитет (IOC) ја лансираа дигиталната заедница “Together for Tomorrow, Enabling People” и назначија десет врвни тимови од глобалната иницијатива Solve for Tomorrow како амбасадори на заедницата.  Иницијативата Samsung Innovation Campus досега им помогна на речиси 180,000 млади од 33 земји да се подготват за пазарот на труд преку обука за нови технологии како AI, IoT и големи податоци.

Преку видео порака, Ахим Штајнер (Achim Steiner), УНДП администратор, му се придружи на Чунг (Chung) за да сподели новости за партнерството помеѓу Samsung и УНДП за користење на моќта на технологијата за општо добро. Од своето лансирање пред пет години, апликацијата Samsung Global Goals собрала над 20 милиони долари благодарение на речиси 300 милиони корисници на Galaxy паметни телефони, таблети или часовници. Партнерството на Samsung и УНДП преку иницијативата Generation17 продолжува да инспирира извонредни млади лидери ширум светот кои ги мобилизираат своите заедници за унапредување на глобалните цели.

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: