Адријана Лима по долго време се појави во јавност со ќерките: Сите ги гледаат преслатките девојчиња облечени по последна мода (ФОТО)

Адријана Лима по долго време се појави во јавност со ќерките: Сите ги гледаат преслатките девојчиња облечени по последна мода (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Адријана Лима вчера ја гледаше претставата „Cirkus de Sole“ во друштво на сопругот Андре Лемер и нејзините ќерки од бракот со Марко Јариќ...

Адријана Лима се појави на црвениот килим рамо до рамо со сопругот Андре Лемер и ќерките од првиот брак. Лима минатата година го роди третото дете, а дури неодамна почна да се појавува на свечени приеми.

Овој пат, таа падна во втор план, бидејќи сите очи беа вперени во нејзините наследнички: Валентина (12) и Сиена (9), кои ги доби во бракот со Марко Јариќ.

Лима во оваа прилика изгледаше неверојатно во црн костим и црна ролка, додека покрај неа стоеше нејзината ќерка Валентина, која е висока скоро колку познатата мајка.

За потсетување, Лима неодамна се врати на јавните обврски и во таа прилика наиде на негодување кај публиката која очекуваше дека ќе ги изгуби килограмите кои ги доби во бременоста.

фото: Профимедиа / Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: