„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ КОМПАНИЈА СО НАЈВИСОКА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ КОМПАНИЈА СО НАЈВИСОКА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Објавена во: После „Школо“ // PR

-1134 вработени со просечна нето-плата од 85.000 денари или 123.000 бруто-плата

Во согласност со политиката на Клиничка болница „Аџибадем Систина“, континуирано се зголемуваат платите на сите вработени на секои 6 месеци. Зголемувањето се реализира на почетокот и на средината на годината. Од јули 2023 година тоа е зголемено за 10% или минимум 3.000 ден. од нето-платата за сите вработени со фиксни плати.

Тимот на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ брои 1134 вработени со 204 доктори од кои 43 се професори, а 435 вработени од среден медицински персонал.

Болницата во првото полугодие од 2023 година има извршено 220 000 медицински, радиолошки и лабораториски прегледи,акушерски и гинеколошки интервенции, како и сите видови на хируршки операции кои што се изведуваат во болницата, а од кои над 42 000 на странски пациенти, со што ја прави веќе 13 години најдобра и најголема болница во Македонија и целокупниот регион.

Тоа е уште еден доказ за довербата што пациентите во Македонија и регионот ја имаат во болницата и докторите што работат во неа.

Од болницата, која е еден од најголемите македонски работодавци, со гордост информираат дека просечната нето-плата за месец јули 2023 година е 85.000 денари, додека бруто-платата 123.000 денари. Најниската плата за почетник со средно медицинско образование е 28.000 денари. На овие трошоци дополнително за секој вработен се исплаќа регрес за годишен одмор К-15, секојдневно се обезбедува топол оброк и организиран превоз.

Во 2022 година Клиничка болница „Аџибадем Систина“ уплати во буџетот на Македонија, по разни даночни основи и придонеси, 655.000.000 денари, а исплатена е вкупна плата од 1.385.000.000 денари, што ја прави една од најодговорните приватни компании и една од фирмите што даваат најголем придонес за целокупната економија во земјава. 

Болницата е препознатлива и по својата општествено-одговорна мисија и во континуитет придонесува во повеќе сфери и во подобрување на општествениот развој. Последна поголема активност беше продолжувањето на соработката со машката и женската кошаркарска репрезентација на Република Македонија, која за „Аџибадем Систина“, како врвна здравствена установа која е посветена на здравјето и на унапредувањето на спортските вредности, е од големо значење. Медицинскиот тим е задолжен и за здравјето на македонските кошаркарски шампиони од МЗТ - Скопје.

Покрај вложувањата и инвестициите во спортот, болницата е препознатлива и по поддршката што редовно ја дава на образовниот процес, со редовните донации на компјутери и компјутерска опрема во училиштата во рурални средини,како и можноста на повеќе од 200 студенти од Медицинскиот факултет од Штип, ИБУ, ПМФ и УКИМ, трета година по ред, да ги спроведуваат својата академска пракса и вежби во нашата болница.

Стабилноста на болницата „Аџибадем Систина“, која е дел од вториот најголем синџир на болници во светот од групацијата IHH, европските плати, многубројните бенефити и можностите за професионална надградба и развој се уште еден доказ за напредокот на најголемата и најмодерна приватна болница во регионот. Болницата останува доследна на својата мисија за унапредување на здравјето и квалитетот на животот преку врвна здравствена услуга според светски протоколи и примена на најсовремена технологија и експертиза. 

Почнувајќи од 2016 година, по третпат, болницата е реакредитирана од Joint Commission International, најпрестижната организација за акредитирање на здравствени установи според светски стандарди за квалитет и безбедност на пациентите, што е евидентен доказ за континуитетот во одржување на високите стандарди во грижата за пациентите.

НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ ВО КАТЕГОРИЈАТА ПРИВАТНИ БОЛНИЦИ

Во 2023 година Клиничка болница „Аџибадем Систина“ ја доби наградата за најпосакуван работодавец во категоријата приватни болници, поради изразениот интерес на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во болницата. Како врвна здравствена институција, најголема вредност за нас е нашиот тим. Затоа се стремиме да ги привлечеме и задржиме најдобрите здравствени работници. Континуирано создаваме програми што овозможуваат професионален развој на нашите вработени, ги гарантира нивните права и обезбедува пријатна и поттикнувачка работна средина. Ова е еден од нашите главни приоритети бидејќи задоволниот и мотивиран кадар е клуч за квалитетна здравствена услуга, а пациентот секогаш е нашиот приоритет.


ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: