"Аџибадем Систина" спонзор на трофејниот кошаркарски клуб МЗТ Скопје
Клиничкa болница "Аџибадем Систина" стана официјален медицински спонзор на трофејниот кошаркарски клуб МЗТ Скопје. Ова е следен од низата договори за спонзорство откако претходно здравствената установа која е лидер меѓу приватните клиники во земјава потпиша договор за спонзорство и со Македонската кошаркарска федерација.
Со овие договори "Аџибадем Систина" ја продолжува традицијата за грижа и промоција на спортот во земјата, секако како докажан лидер во превенција и третман на спортските повреди. Денеска во посета на Премиум спорт центарот, кој е единствен од ваков вид во земјава беа: директорот на клубот, Филип Ѓоревски, капитенот Дамјан Стојановски и Војдан Стојановски.
Елиф Акан, заменик главен извршен директор на Клиничка болница "Аџибадем Систина", изјави дека оваа соработка е голема чест за болницата.
„Постигнатите спортски успеси се особен извор на мотивација и за целата држава и за идните генерации и за тоа ние сме свесни. Со таа цел ги поддржуваме успесите на клубот МЗТ, односно горди сме и среќни за поддршката на спортистите на вашиот клуб. Премиум спорт центарот кој функционира во Клиничка болница "Аџибадем Систина" обезбедува услуги по високи стандарди. Исто така, во ваше присуство би сакале да им се заблагодариме на сите што придонесоа за овој постигнат успех“, изјави Акан.
Болницата има ресурси и тим кој овозможува беспрекорна поддршка за здравјето на спортистите. Спортските прегледи на кошаркарите ќе се прават токму во најмодерниот спортски центар во земјава, Премиум спорт центар.
„Особена чест и задоволство за нас како клуб е што ја имаме поддршката од најдобрата болница. 'Аџибадем Систина' е бренд од највисока категорија во државата. Се надевам дека со добри резултати ќе ја оправдаме поддршката во сезоната што следува,. Сите заеднички да се радуваме на сите успеси како на клубот МЗТ така и на 'Аџибадем Систина'“, вели директорот на клубот, Филип Ѓоревски.
Во центарот, на едно место има комплетна грижа за здрав живот - физикална медицина и рехабилитација, нутриција и во него работи докажан тим доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе.