Афро плетенките се прекрасна летна фризура но... Една девојка предупреди дека тоа не е најпаметната идеја-еве зошто (ВИДЕО)
На почетокот се изгледаше совршено...
Афро плетенките со години се меѓу најпопуларните летни фризури. Вниманието го привлекуваат со својата уникатност, стил и практичност, особено во топлите летни денови. Сепак, зад атрактивниот изглед може да се скрие вистински кошмар, што открива искуството на една девојка.
Катарина решила да го следи овој тренд и избрала афро плетенки кои допирале до целиот грб, за што потрошила околу 250 евра. На почетокот се изгледаше совршено, иако првата недела чувствуваше непријатност поради затегнувањето на скалпот и тежината на влажната коса.
Меѓутоа, вистинските проблеми настанале еден месец подоцна, кога таа ги тргнала плетенките. Иако на почетокот се изгледало во ред, следел ужас при миењето на косата. При правењето на плетенките, на скалпот се нанесува гел кој Катарина не можела да го отстрани и создал тотален хаос на нејзината глава.
@vuletic_ka Ucite iz mojih gresaka #fyp #foryou #foryoupage #balkan #zg #tiktok #balans #croatia original sound - vuletic_ka
За среќа контактирала со својот фризер кој ѝ препорачал да спие со регенераторот на косата и да дојде кај неа следниот ден. Расплетувањето траело дури шест часа, а добар дел од косата морало да се отсече бидејќи немало спас. Една година по ова искуство, ефектите се уште се видливи на нејзината коса.
Искуството на Катарина служи како предупредување за сите кои размислуваат за афро плетенки. Иако овој стил може да изгледа привлечно и модерно, важно е да бидете свесни за можните последици и внимателно да ги разгледате сите аспекти пред да се одлучите на овој чекор. Секогаш е најдобро да се консултирате со искусни фризери и да ги следите нивните совети за да избегнете слични проблеми.
Foto: TikTok: vuletic_ka/Screenshot