Ако ги чувате овие патики од 1984 година може веднаш да станете богати
Американскиот уметник Метју Сена ќе остане запаметен по создавањето на најскапите патики во светот. Станува збор за моделот Solid Gold OVO, кои сега чинат „само“ два милиони долари.
Овие, најскапите патики во светот, кога беа произведени, чинеа само 100.000 долари, но бројот беше ограничен и цената вртоглаво се зголеми. Овие патики се прилично тешки, така што ретко можете да ги видите на улица.
Овие патики не можеа да се видат на улиците во Скопје, иако многу Јутјубери носат патики во вредност од 7.000 евра. Овие патики ги добиваат од продавачите за да ги рекламираат.На второто место на најскапите патики се „џорданките“, но не какви било. Американската репрезентација го освои златото на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година. Десет години подоцна, старите патики на Мајкл Џордан „Converse Fastbreak“ беа продадени за 190.000 американски долари.
На третото место најскапите патики се наоѓаат Buscemi 100 MM Diamonds, а чинат 100 000 евра затоа што за производство на овие бели патики било искористено злато од 18 карати и дијаманти од 11,5 карати.
Меѓу најскапите патики што ги носат „обичните смртници“ спаѓаат „Ер Џордан“, а убедливо и најскапите ги носат број 12 и прекарот „Flu Game“, бидејќи славниот кошаркар ги носеше кога играше натпревар а имаше грип. Тие чинат околу 100.000 евра.
Сепак, од сите скапоцени патики на улиците можеше да се видат Nike Yeezy 2 Red October, кои чинат околу 7.000 евра и се високо ценети меѓу колекционерите.
Извор: магазин.новости.рс
Foto: Peksel