“Ако малку се поправи, ја изгладнувааат“: Родителите редовно ја мерат дванаесет годишната Ана на вага, целата приказна ја откри загрижена соседка
Дали родителите го
изгладнуваат ова дете?
На „Редит“ видно загрижена жена прашала дали е во ред да го нахрани неухранетото дете на соседите? Таа потоа напишала дека како мајка знае колку е важно децата да бидат правилно нахранети за да можат правилно да растат и да се развиваат. Таа, исто така, ја разбира важноста да се води здрав начин на живот, но не и тоа да стане опсесија. За жал, се чини дека нејзините соседи не го мислат истото.
Имено, нејзната мала соседка Ана има 12 години, родителите се занимаваат со фитнес, па следнствено на тоа тие ја мерат на секои 2 недели за да проверат дали има некој килограм плус.
- Не ја хранам со ѓубре, туку со здрави оброци како ориз, зеленчук, пилешко на скара, чорби, риба, салати итн. Само редовни ручеци и вечери. Таа јаде кај мене до три пати неделно (но понекогаш помалку, а понекогаш повеќе), а моите ќерки често и носат грицки кога поминуваат време со неа. Нема алергии или здравствени проблеми кои и го ограничуваат внесот на храна, освен стравот дека ќе има прекумерна тежина – напишала оваа неверојатна жена.
Девојчето им раскажало на соседите дека околу Божиќ малку се поправила, а потоа се пожалила дека родителите премногу ја притискале. Родителите тогаш дознале и ја нападнале сосетката бидејки тајно и дава да јаде, но таа смета дека треба да продолжи да го храни кутрото девојче.
- Мислам дека не треба да престанам. Ако детето е гладно, зарем не треба да јаде? Зарем на тоа дете не треба да му се дозволи да одмара, а не постојано да прави милион вежби пред да му дозволат да се опушти – напишала жена која тврди ова што се случува е страшно.
Што би направиле вие на нејзино место?
Фото:freepik