Аксесоар на кој нема да може да му одолеете: Беретката е апсолутен моден хит и еве како ќе се носи оваа есен!

Аксесоар на кој нема да може да му одолеете: Беретката е апсолутен моден хит и еве како ќе се носи оваа есен!

Објавена во: Мода // In and Out

Овој интересен моден додаток мора да го имате...

Ќе ја надополни секоја комбинација, ќе ве заштити од студениот ветер и дожд, апокрај тоа одлично ќе ви стои. Секако дека зборуваме за беретките кои стануваат многу атрактивни.

Беретката повторно владее во светот на модата. Оваа реченица може да ја прочитате на страниците на било кој моден магазин или блог во последно време. Откако Емили Ратајковски се прошета со овој интересе аксесоар не престанува побарувачката за него.

Оваа капа одлично се вклопува во секоја комбинација. Омилено модно парче е на Французинките, а по тоа може слободно да кажеме дека е навистина шик.

Беретките се одлични за првите денови од есента, кога не е толку ладно за да се носат волнени капи, но не е ни толку топло. Затоа, ова ќе биде одличен додаток на сите вашите комбинации, без оглед на тоа дали се елегантни или лежерни.

Во продолжение може да погледнете некои интересни комбинации во кои акцентот е ставен токму на овој интересен моден додаток и да пронајдете инспираци за вашата следна комбинација.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: