Актерката очајна: Се случи она од што Анџелина Џоли се плашеше

Актерката очајна: Се случи она од што Анџелина Џоли се плашеше

Објавена во: Живот // Живот

Кога во септември 2016 година, Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, поради, како што наведе, здравјето на семејството, јавноста беше изненадена.

Начинот на кој беше формулирана причината поради која сакаат развод, навестуваше дека проблемите биле ненадминливи. Од друга страна, некои тврдеа дека тоа е само манипулација на познатата актерка, која со болната љубомора го ограничуваше сопругот.

По разводот, поранешните сопружници продолжија понатаму со своите животи. Сепак, изгледа дека Бред малку повеќе. Актерот ужива во новата љубов со младата германска манекенка Никол Портуласки, а Анџелина својот живот го посвети на децата.

„Мојата сила доаѓа од моите деца. Сите родители знаат зошто постои таа сила во нив, која постојано расте. Не знам од каде ми е вербата, но сигурна сум дека се наоѓам во некој прелазен момент, како да се враќам на корените, а се изгубив самата себе. Мислам дека тоа започна кога на мојата врска со Бред се приближи крајот“ - беше искрена актерката во најновото интервју.

Сепак, судот е немилосрден, но праведен, па како што се пишува, на поранешните сопружници ќе им биде доделено заедничко старателство над децата, иако Анџелина се обиде Бред да го претстави како несериозен родител.

Изворот наведува дека конечната одлука на судот е донесена пред последниот рок кој е во септември и дека Бред е пресреќен што ќе може да поминува повеќе време со своите наследници.

Како што се наведува, Анџелина е потполна очајна поради оваа одлука и очекува да се обиде да ја оспори истата.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: