Актерот на Дизни почина на 20 години: Последниот поздрав на неговото семејство го крши секое срце

Актерот на Дизни почина на 20 години: Последниот поздрав на неговото семејство го крши секое срце

Објавена во: Филм, Семејство

Прераната смрт на актерот Камерон Бојс го шокираше Холивуд. Имено тој на 6 јули, на само 20 години почина во сон во својот дом во Лос Анџелес по долги здравствени проблеми. Како што пренесуваат медиумите, боледувал од епилепсија, а почина како последница на еден напад кој го доживеа во сон.

Неговата смрт ги потресе многу од неговите колеги, но нивната болка не може да се спореди со онаа на неговото семејство. Еве како тие се простија од својот најдраг Камерон.

Неговата мајка се огласи дури две недели по смртта на својот син и ја прекина болната тишина поради големата семејна трагедија.

На 20 јули на Инстаграм сподели црно - бела фотографија со својот син и описот напиша: „Тој е мојот компас“.

Таткото на актерот, Виктор Бојс, се заблагодари на љубовта и поддршката во тешките моменти.

„Преплавен сум од љубовта и поддршката која ја доби нашето семејство. Навистина помага за да ни се олесни болката поради овој кошмар од кој не може да се разбудам. Немам зборови со кои доволно ќе ви се заблагодарам“ - напиша на Твитер, ден по смртта на својот син.

Сестрата на актерот, Маја исто така по повод смртта на брат си, 5 дена подоцна на 11 јули, сподели објава посветна на него.

„Да, прерано е. Да, тажна сум. Камерон беше мојот најдобар другар. Тој е некој кој секогаш ќе го гледам како идол. Неговата насмевка можеше да осветли соба, како никој друг. Беше совршен. Секогаш говореше дека доколку имате глас, имате привилегија тој глас да го искористите и никогаш лесно не ја сфаќаше таа идеја. Ја разбираше одговорноста која ја носеше како некој кој толку ги радува децата. За своите 20 години направи многу повеќе од многу луѓе за 100 години. Го прошета светот. Беше великодушен. Креативноста и уметноста беа неговата животна мисија и ги охрабруваше другите да го прават истото. Секако дека сум уништена. Ќе бидам до крајот на животот. Но, она што сакам да ви го кажам е да ги чувате спомените со него, кој беше вечен оптимист. Со сигурност морам да кажам, сакаше да славиме, растеме и траеме. Да, умре. Да, тажна сум. Исто така сум и среќна. И благодарна. Бев со него часовите пред да почине. Беше нормано и забавно. Си кажавме еден на друг „Те сакам“. Беше среќен. Поминав 17 години знаејќи како е кога Камерон Бојс те сака. Тоа е најдобар подарок кој некогаш ќе го добијам“ - си ја отвори душата сестрата на починатиот актер.


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Филм, Семејство

Можеби ќе ве интересира: