Алек Болдвин го доби осмото дете: Актерот е повторно среќен по трагедијата
Актерот и неговата сопруга Хилари Болдвин добија уште едно бебе заедно, ќерка.
„Колку сме благодарни што ја пречекавме нашата ќерка на овој свет. Тоа е исто толку магично и исполнето со љубов како и кога ги пречекавме нашите втори деца. Нејзините браќа и сестри се толку возбудени и сите веќе дебатираат на кого таа најмногу личи... многу сме среќни што го претставуваме бебето Иларија“, изјави парот ексклузивно за People.
Двојката има седум деца заедно, синовите Едуардо Пао Лукас (2), Ромео Алехандро Дејвид (4), Леонардо Ангел Чарлс (5), Рафаел Томас (7) и ќерките Марија Лусија Викторија (1) и Кармен Габриела (8).
Алек е исто така татко на ќерката Ајрланд Болдвин (26), која ја има со поранешната сопруга Ким Бесинџер.
Да потсетиме, во октомври 2021 година, актерот се најде во центарот на медиумското внимание кога ненамерно ја застрела колешката Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Рѓа“.
фото: profimedia